Штетните Душмански политики на Љупчо Николовски, Никица Бачовски како и цело СДСМ со ДУИ во земјоделието водат кон пропаст на овој стратешки значаен сектор
Во изминатиот период и оние малку преостанати земјоделци кои што можат да ги следат политиките на актуелните земјоделски власти беа запрепастени од Новата програма за рурален развој за 2024 година во која двојно и тројно се зголемуваат минималниот број на добиток како услов за користење на помош од државата по мерка 213 за зачувување на рурални предели и нивни традиционални карактеристики.
Во претходните програми донесени од владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ минималниот број за да се добие помош за еден вработен сточар беа:
-Овци 150 грла или
-Кози 50 грла или
-Крави 50 грла.
Со новата “успешна” програма на СДСМ и ДУИ со која се фали Љупчо Николовски а ќе треба да ја имплементира Никица Бачовски сточарите за да добијат помош во рамки на оваа мерка ќе треба да имаат
-Овци 300 грла или
-Кози 150 грла или
-Крави 100 грла.
Ваква успешна приказна немало и нема ни да има…. Успехот постои само во главите на неколкумина во СДСМ што немаат поим од сточарство и земјоделство.
И она малку сточарство што со крв, пот и солзи егзистира со ваквата политика ќе биде сведено на минимум а Македонските граѓани ќе купуваат земјоделски производи од увоз и со сомнителен квалитет.
Дали насмевките на земјоделските власти предвоени од Љупчо Николовски на фотографиите кои предизборно ги гледа Македонскиот земјоделец значат смеење во лице на сиромаштијата и работниот Македонски земјоделец?
Спасот за земјоделците но и сите останати граѓани кои што користат млечни и месни производи е на изборите на 8 мај.
Оваа ненародна, штетна и слободно можам да кажам душманска власт на СДСМ и ДУИ мора да замине во историјата, за да му осамне на Македонскиот земјоделец а со тоа и сите Македонски граѓани.
Земјодолството преку Полјоделството и Сточарството е една од најзначајните дејности која е пред целосен колапс со Љупчо Николовски и неговите партиски другарчиња.
Ако снема храна во државата, што ќе јаде народот, затоа што ПУТЕР за сите ќе нема?
СДСМ е непријател број еден на Македонскиот земјоделец. Цел народ треба тоа да го има пред себе на гласачките кутии на 8 мај на изборите.
-Фејсбик коментар на Кирчо Анастасов




СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст