Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон триумфираше на трката за ГН на САД возена синоќа во Остин. Тој ја оствари 9.та победа сезонава или вкупно 62.ра во кариерата.
Тој патеката ја мина за 10 секунди побрзо од Себастијан Фетел (Ферари), кој го освои второто место. Трет заврши Кими Раиконен (Ферари), пред Макс Ферстапен (Ред Бул) и Валтери Ботас (Мерцедес).
Инаку, трет целната линија ја мина Ферстапен, но поради напуштање на патеката кога во последниот круг го мина Раиконен доби казна од пет секунди.
Со новите 25 бодови Хамилтон сега има 331, додека Фетел е на втората позиција во генералниот пласман со 265. Трет е Ботас со 244. На Хамилтон потребни му се уште девет поени за да ја освои четвртата шампионска титула.
Во конкуренција на конструктори Мерцедес ја освои шампионската титула. По трката во Остин има 575 поени, а Ферари е втор со 428, пред Ред Бул со 315.
До крајот од сезоната остануваат уште три трки, а следната се вози наредниот викенд во Мексико.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина