БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Христијан Мицкоски: Бојкотот е слепа еднонасочна улица после која нема втор чекор. Тоа е ѕидот на власта. Нема втора опција и решение

Пренеси го гласот

Пораките од вчерашната Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ кои што претседателот на опозиционата партија Христијан Мицкоски ги упати во јавноста се уште звучат силно помеѓу граѓаните на Република МАкедонија.

Драги мои стојам пред вас и ви велам, јасно и доволно гласно, борбата против Заевизмот е битката за Македонија и битката на  нашата генерација.

Заевизмот мора да биде поразен, а изборите што доаѓаат ќе бидат референдум на народот. Сега е време да се чуе вашиот глас во политиката и моментот кога мора секој еден  од вас да се определи. И навистина не е доволно да стоите пред малите екрани и да бидете само огорчени поради лошата реалност. Мора да одберете страна да излезете и да гласате. Мора да се одлучите. Или ќе гласате против сето ова што се случува, или ќе одбиете да влијаете на работите кои стануваат се полоши. А тоа  зависи од вас. Или сте со нас и заедно ќе се бориме, или ќе ја одобрите неправдата да стане закон. И добро знаете дека нема да биде подобро ако се продолжи  вака.

Притоа Мицкоски голем дел од својот говор посвети на граѓаните копи се уште се колебаат дали да излезат на претстојните Претседателски избори да гласаат за Кандидатот Гордана Силјановска Давкова која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери:

Да не ги повторуваме грешките од минатото кога предупредувавме како партија дека Овие од власта кога ќе дојдат ќе ја губиме Македонија парче по парче. Дека ќе направат промена на име, идентитет, дека  ја понижат Македонија, дека лажат кога ветуваат живот. И не сакам сега да звучам отмено и паметно и во стилот „ви рековме дека вака ќе биде“ зошто знам дека сте имале сите поединечно доволно причини да гласате против нас во минатото , и ние сме поискусни и свесни за нашите сите наши пропусти во минатото, затоа денес стојам овде и ви велам  секоја задршка која постои кај некој од граѓаните да не поддржи сигурно е помала од опасноста и пропаста кон која власта ја носат  Република Македонија. Од нас зависи што ќе избереме. Поискусни сме, ги идентификувавме грешките и знаеме како понатаму. Нас жолтици, златници не ни требаат. Слава не ни треба. Ова е нашата историска улога кога треба татковината да ја дигнеме од пепел во којашто овие ќе ни ја остават. Ние сме мотивирани и знаеме како тоа да го направиме. И ова не е политиканство, ова е сентимент и ова е верба за којашто секој еден од вас верува и се стреми, а тоа ќе го покажеме силно мотивирани на претседателските избори на 21 Април, кога ќе биде првиот чекор кој ќе му го зададеме на деспотот и на генерацијата околу него којашто ја втурна Македонија во оваа бездна. Ајде сите заедно рамо до рамо да ја извадиме нашата татковина. Не ни треба злато, не ни треба ништо. Ни треба богата Македонија. Да си ги вратиме децата, соучениците, браќата, сестрите назад дома, овде.

Вистинскиот мандат во оваа земја се помалку е во она Собрание кое толку многу пати ги прекрши процедурите, туку во народот на оваа земја. Силата  во вашиот глас и сега нема да има изговори. Силата е само во вашиот глас. Сликата е многу јасна и совршено чиста. Само заедно да се обединиме и да влијаеме можеме само така да ги  промениме работите. Да се дочекаме на нозе. Нема изговори, и сите наши разлики се помали од нашата заедничка цел која е поголема и повисока од секој нас посебно. Ние тргнавме да го рушиме Заевизмот и за секој има место до нас.

Ќе се обратам и до оние кои се мислат дали да излезат да гласат. Значи не до оние уценетите слуги на Заев кои работат на копче, тие знам дека имаат задача и таму бизнис и притисоци се во прашање, тие се заробениците на Заев и такви има се помалку, туку на оние чесни родољубиви луѓе, интелектуалци и искрени патриоти кои се разочарани од секојдневието, а на кои Македонија им е важна. Имаме ист противник, Заевизмот е наш противник исто колку што е и ваш. Но, Македонија ни е заедничка. А бојкотот е слепа еднонасочна улица после која нема втор чекор. Тоа е ѕидот на власта. Нема втора опција и решение. Затоа да си подадеме рака и да ја искористиме неповторливата шанса да го поразиме Заевизмот на избори и само така ќе можеме повторно да ја издигнеме Македонија. Да застанеме заедно под бајракот на заедничката победа, ве поканувам сите.

Креирано од:


Пренеси го гласот