Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со Потпретседателот Александар Николоски и Игор Николов кој што е член на највисокото извршно тело на опозициската партија- Извршниот комитет, во рамки на интензивната меѓународна соработка, денеска претстојуваа во Париз. Таму се сретнаа со француските сенатори Марта Де Сидрак и Арно Базин.
На средбите било потенцирана заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за брз напредок на патот за пристапување на Република Македонија кон ЕУ, како и проблематичните појави на актуелната власт кои ги кочат овие интегративни процеси на државата во европското семејство каде природно припаѓа Македонија.
Во продолжение ја пренесуваме пораката на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упатена по повод остварената посета на градот на светлината:
“Денес заедно со потпретседателот Aleksandar Nikoloski, и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Д-р. Igor G. Nikolov / Игор Г. Николов во Париз остваривме средба со членовите на Францускиот Сенат Марта Де Сидрак и Арно Базин кој е и претседател на групата за Француско Македонско пријателство.
На средбата разговаравме за актуелните теми и прашања поврзани со стратешките интереси на Република Македонија, како и за потребите за реформи и јакнење на заедничкото пријателство.
Ја афирмиравме заложбата за напредок на планот на евроинтеграциите, како и ставањето на државата на брза патека што ќе подразбра итни реформи кои ќе ја извадат Македонија од слепата улица по која ја донесе актуелната Влада.
Ја потенцирав цврстата определба за бескромпомисна борба против криминалот и нултата толеранција за корупција. Воедно нагласив дека потребни се чекори кој ќе доведат до економски напредок и подобрување на стандардот на граѓаните. За жал денес имаме состојба во која главна пречка за правдата е премиерот на државата, додадов дека потребно е ослободување на правосудниот систем од политичките стеги и владеење со правото.
Обновата за која се залага ВМРО-ДПМНЕ се однесува на промени кон подобро во сите сфери и области, спроведување на политика базирана на принципи и вредности.
Нагласив дека се залагаме за стратешко партнерство со Република Франција и продлабочување на заедничката економска и политичка соработка.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот