Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денес одржа прес-конференција на која јавно зборуваше за најновото покачување на минималната плата од 15,9 %. Претседателот Благоја Ралповски го поздрави ваквото покачување, но сепак смета дека минималната не е доволна за да ги задоволи потребите на четиричлено семејство, согласно синдикалната кошничка. Претседателот истакна дека минималната плата бележи пораст, но платите во јавниот сектор остануваат исти и мора да се усогласат платите согласно покачувањето на минималната плата, бидејќи постои изедначување на платите на носителите на дејност со минималната плата и стеснување на распонот на платите по вертикала.
“Согласно член 8 од Законот за минимална плата, посотојните колективните договори мора да се усогласат во рок од 6 месеци од стапувањето на сила на законот, меѓутоа законите и колективните договори грубо се прекршуваат, а со тоа се нанесува штета на огромен број на вработени во јавниот сектор”, нагласи Претседателот на КСС, Благоја Ралповски.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков исто така истакна дека во детската заштита и образование вработени на различни позиции, со различен коефициент на сложеност и со различни бодови земаат иста плата и исто така истакна дека ако законот налага да се се усогласат колективните договори тоа мора и да се направи, во спротивно оваа урамниловка ќе оди до бесконечност, а решението е платите да растат согласно покачувањето на минималната плата.
Превземено од КСС


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот