(НОВО)ИСТОРИСКИ ЗВРЧКИ-LXXII дел
МИНИСТЕР-ке ВОЈНА ВО ПРАВО СИ
Голема врева се крена, од сите страни и со секакво оружје се мава по нашата министер-ка војна. Те демек не го знаела нашето знаме, те тоа било пробен балон за негова смена (по 4-ти пат) и уште што ли не.
Вистината луѓе божји е сосем поинаква. Не сакам да ја бранам Бела Рада, сакам да ви ја кажам вистината. Јас како познат и признат (само од мене) расветлувач на многу историски зврчки, ви го кажувам следното.
Мојот Алекса Жуниќ не е како оној на Јеротије Пантиќ од “Сомнителното лице” кој дури беше отпечатил визит карти со натпис: “Алекса Жуниќ-околиски шпиун”
Мојот доушник е современ. Еве што ми кажа тој:
Вели, слушам јас разговор помеѓу капетанот на “Хари С.Труман”, адмиралот Шмит и шефот на воената ескадрила ЏОН мурК.
-“Господине мајоре, веднаш на сите 150 бомбардери да го аплицираш знамето на Р.С.Македонија. Земај жолта и црвена боја и секој пилот да почне со работа. Ни доаѓаат во посета првиот министер и министерот војни на 30-та членка на НАТО. Мора да ги удостоиме со патриотски потег.”
-“Ама адмирале која е таа држава, јас првпат слушам за неа? Каде се наоѓа, колку е голема?”
-“А бе, поголема е малку од нашиот носач на авиони. Море нема, имаше до 1913, ама многу е морално силна. Таа дури и името си го смени само да биде со нас, а тоа е најважно.”
Се било завршено за ептен кратко време. Дошле Зоќи и Рада, се сликале пред авионите а бојата сеуште свежа. И ете ти еден “контраш”, обичен воен механичар, се јавува пред адмиралот и вели:
-“Господине знамето е погрешно аплицирано. Зраците се црвени, наместо жолти”.
-“Од кај бе знаеш ти?”
-“Знам адмирале, јас потекнувам од Македонија.”
Налутен Шмит, му ги скинал еполетите на мајорот, го разрешил од командант на воената ескадрила и го поставил за обичен каплар.
Ете тоа е вистината. Не ја напаѓајте Рада за џабе.
Пишува: Крум Николовски
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање волонтери во Министерство за дигитална трансформација
Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата