Она што граѓаните на Република Македонија го чувствуваат во нивниот секојдневен живот, почнува пополека да биде индицирано преку економските параметри на државните институции кои бележат различни делови на економските перформанси на стопанството.
Имено лошиот стандард на граѓаните и растот на сиромаштијата може да се огледа низ повеќе индикатори на Македонската економија. Еден од таквите индиректни индикатори е и Извозот надвор од државата.
Забележан е пад на извозот за периодот Јануари-Октомври 2019 година, алармираат од Комисија за финансии на ВМРО – ДПМНЕ:
“Државниот завод за статистика објави податоци за надворешно трговската размена во периодот јануари-октомври 2019 година.
Од податоците се забележува пад на извозот од 5% при истовремен помал пад на увозот од 2% во октомври 2019 година. Ова претставува најголем пад на извозот во последните 5 години.
Зошто се намалува извозот ќе мора да ги почекаме деталните табели со извоз по СМТК кои Заводот би требало наскоро да ги објави. “
-соопштуваат од експертскиот тим од областа на финансиите во опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Малолетно девојче физичко нападнато во Кочани
Тошковски: Велигден да ни биде поттик и инспирација да ги задржиме во себе хуманоста и добрината во борбата за егзистенција како луѓе и како нација
Претседателката и Премиерот од Македонскиот Ерусалим- вечниот Охрид ја дочекаа радосната вест за Воскресението Христово и вечниот живот