БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Студентите од “Стив Наумов” оставени без парно греење на овие ладни температури. Власта крати од буџетот наменет за младите кои се иднината на државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ниските температури во студентскиот дом Стив Наумов во скопската населба Автокоманда станаа неподносливи за студентите кои се сместени во овој дом.

Една од причините за ваквата состојба е и наподготвеноста на задолжените служби во домот за одржувањето на системот за парно греење кој откажал во текот на вчерашниот ден, па затоа студентите морале да се снаоѓаат како знаат и умеат за да се згреат.

Сето тоа во 2019 година во 21 век на техички и технолошки развој.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За ваквата лоша состојба, за влошените услови поврзани со студенскиот стандард како и кратењето на сретствата од Буџетот на Владата за наредната 2020 година наменети за студентите и младите, реагиреше во јавност Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој се обрати од пред Студентскиот дом „Стив Наумов“ во контекст на проблемите со кои се соочуваат студентите.

Неговата изјава ја пренесуваме во целост:

“Во текот на вчерашниот ден студентите од „Стив Наумов“ на овие ладни температури беа оставени без парно греење. Системот за греење откажа откако пукнаа цевките, по што вода се разлеваше низ ходниците на студентскиот дом, а студентите смрзнуваа цела ноќ.

Студентските домови се руина, а студентите се оставени сами на себе да живеат во нехуманите услови. Не само што состојбата не се подобрува, туку условите никогаш не биле полоши. Мувлосана храна, ладна вода за капење, без струја, без греење, ужасни санитарни јазли, расипани лифтови и тон ѓубре се слика од секојдневието во студентските домови.

Владата покажа колку и се важни студентите и условите во коишто живеат со ребалансот на буџетот со кој скрати дури 100 милиони евра предвидени за изградба и реконструкција на студентски домови. Студентскиот стандард и условите во коишто живеат студентите за власта беа уште една изборна измама. Да потсетиме дека Владата во јуни годинава донесе одлука за итна реконструкција на „Стив Наумов“, па му требаше 4 месеци на директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски да изработи техничка документација за санација. Па шест месеци подоцна повторно прашуваме: До каде се новите лифтови, до каде е решението за новите тоалети, до каде е репарацијата на кровот на „Стив Наумов“? До каде е обезбедувањето на човечки услови во домовите?“.

Наместо студентски град и хумани услови за живот, имаме влада којашто „ЌЕ“ изгради, „ЌЕ“ реновира, „ЌЕ“ санира и „ЌЕ“ обезбеди услови за подобар живот на студентите.

Неспособноста на студентските челници оди дотаму што важно за нив е само нивниот кариезирам, а не обезбедувањето на човечки услови во студентски домови. Функционерите од власта, доколку еден ден поминат во студентскиот дом „Стив Наумов“, ќе сфатат зошто над 70% од младите си заминуваат.

Студентските домови не блескаат туку тонат во мизерија. Блескаат само лагите за студентските градови кои власта велеше дека ќе ги гради во Скопје, Штип, Битола и Тетово. Со лагите што блескаат и мизерниот живот на македонскиот студент, нема да се вратат младите. Напротив тие заминуваат во се поголем број, затоа што власта не успеа да обезбеди човечки услови во студентските домови и подобрување на студентскиот стандард. Со промена на власта, студентите ќе го добијат заслужениот достоинствен стандард.

-заврши на крај Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace