Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска денеска ја алармираше јавноста и граѓаните на Република Македонија за вртоглаво пораснатиот долг на државата предводена на сите нивоа од страна на Зоран Заев со СДСМ и нивните коалициони партнери.
Со доаѓањето на власт на Зоран Заев во 2017 година долгот на државата пораснал за над 800 милиони евра, наспроти недостигот на инвестиции и појавата на криминални тендери и огромен број на партиски вработувања од власта, обвини пратеничката од опозицијата во Македонскиот парлеманет.
Во продолжение ја пренесуваме во целост нејзината изјава од пред Министерството за финансии на Република Мaкедонија:
“Зоран Заев и Нина Ангеловска за само еден ден со одлука на пратениците на СДСМ ќе ја задолжат државата за нови 216 милиони евра.
Да, Заев и Ангеловска предложија, а пратениците на СДСМ денес ќе изгласаат четврт милијарда евра нов долг. Задолжувањата се нижат, а капитални инвестиции нема, ништо не се гради. Од почетокот на годината заклучно со октомври реализирани се само 40%. Доколку не беше ребалансот со кој се скратија средства истите ќе беа 36%. Инвестиции нема, но затоа задолжувања има. Откако Заев е на власт јавниот долг е зголемен за над половина милијарда евра. Половина милијарда евра, наместо во инвестиции отидоа во криминални тендери, партиски вработувања и во луксузирања на државен трошок.
Заклучно со долгот од денес оваа власт предводена од Заев и Ангеловска направи долг од над 800 милиони евра, а не направи ништо за граѓаните.
Денеска Заев го сврте бројчаникот, долгот денеска отчука 5,6 милијарди евра. Заев и Ангеловска без контрола ги трошеа народните пари. Сега пред избори повторно без контрола се задолжуваат. Ефект од тоа граѓаните немаат. Само дупката во буџетот расте. По 12 април на расипништвото ќе му дојде крај. По 12 април следува обнова на Македонија и одговорно управување со парите на граѓаните.”
-ја заврши својата реакција пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
83 годишен затвореник во затворот во Штип од Македонска Каменица починал во Клиничката Болница во Штип
Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип- Радовиш, двајца возачи со тешки телесни повреди
Министерство за здравство: Пет пациенти денеска се враќаат од лекување од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти