БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Христијан Мицкоски со најеклатантен пример за тоа како се ограбува Македонија. Време е за активизам на сите кои сакаат нова влада

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во јавноста и денеска изнесе еден еклатантен пример за тоа како актуелните власти предводени од СДСМ и ДУИ ја пљачкосуваат државата и сите граѓани.

“Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ денешно ЕСМ!!!

ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 6ти до 12ти Август од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1750 MWh.

Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 254,7/MWh!

За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 310,37 €/MWh или по денови:

6/Август 281 €/MWh

7/Август 207 €/MWh

8/Август 312 €/MWh

9/Август 317 €/MWh

10/Август 304 €/MWh

11/Август 337 €/MWh

12/Август 414 €/MWh

Разликата во цена е:

1750 MWh x (310,37-254,7)€ = 97.422,5€

Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 35 часа се оштетени за околу 6.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови.

#ДоаѓаКрајот

#ОдговорностЌеИма

#ВиВетувам

-соопшти во фејсбук статус Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

За надминување на ваквата состојба која е присутна во сите пори на државата и секојдневието на граѓаните, потребна е максимална посветеност и граѓански активизам на сите кои сметаат дека на Македонија и е потребна нова влада. Со конкретни постапки и секојдневно делување да се сруши овој криминален картел на власта во рамки на едни предвремени парламентарни избори.

Креирано од:


Пренеси го гласот