БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

И Левица удри по Пендаровски: Пендаровски, претставува олицетворение на неисполнетите ветувања на власта и манипулацииите со националните интереси

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Фијаското на претседателските избори кое го доживеа кандидатот на власта Стево Пендаровски, потврди дека штетните политики кои две години ги води нелегитимната влада немаат одобрување од мнозинството граѓани. Иако 31 партија од владејачката коалиција го поддржа кандидатот на СДСМ, евидентно е огромното незадоволство манифестирано со изгубени 200 000 гласови во споредба со локалните избори, односно поддршката на власта и нејзините политики во експресен период паднала за цели 40 проценти!

Ваквиот резултат не е изненадувачки, ако се има предвид дека никакви суштински промени не им беа испорачани на граѓаните, и покрај агресивната и скапо платената кампања за живот и правда во Македонија. Единствено што добија обичните граѓани е насилна и нелегитимна промена на уставното име кое наредната влада е должна да го поништи; амнестирање на криминалите кои ги осиромашија граѓаните; бришење на антифашистичкото минато на македонската држава и на АСНОМ-ските идеали; секојдневни скандали со непотизам и коруптивни зделки; зголемени трошоци за живот; колабирано здравство со најави за негова приватизација, зголемена сиромаштија на сметка на зголемени профити на фирмите блиски до власта.

Дополнително, кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, претставува олицетворение на неисполнетите ветувања на власта и манипулацииите со националните интереси, кој иако јавно изјавуваше дека промената на уставното име не може да биде реализирана без државен конзенсус, – односно без одобрување од мнозинството граѓани на задолжителен референдум – спротивно на неговите изјави, тој стана главен пропагатор на насилно и противправно наметнатото име. Граѓаните ја казнија власта за нејзините анти-државнички политики и испратија јасна порака дека ниту една од досегашните владини политики го нема легитимитетот на народот и во иднина како такви ќе бидат поништени! Граѓаните порачаа: нема да дозволиме замена на груевизмот со заевизмот!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-напишаа денеска на официјалната фејсбук страна на партијата Левица.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace