Во рамки на програмските определби на градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов, жителите на штипската населба Караорман деновиве ќе добијат асфалт на повеќе улици низ населеното место.
Екипи на фирмата изведувач деновиве започна со подготвување на подлогата и тампонските слоеви, по што ќе следува асфалтирање на повеќе краци на улици во вкупен износ од 1,5 милиони денари обезбедени од Буџетот на општина Штип.
Со изградбата на овие делови од улици кои што се приоритет за жителите на населбата, значително ќе се подобрат секојдневните услови за живот.
“Проектот „Штип без кал“ започна да се реализира и во Караорман. Во наредните денови ќе се асфалтираат неколку краци од улици, а жителите од овие улици за прв пат ќе добијат асфалт до своите домови.”
-информираше градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Премиерот Мицкоски на почеток за изградба на нoва фабрика која планира 600 нови вработувања во Кичево
Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени
Николоски: На ДУИ им одговара прашањето со Уставниот суд да трае четири години, бидејки им пропадна зелената агенда