Преку свое видео обраќање денеска носителот на кандидатската листа во третата изборна единица од Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, направи кратко резиме на досегашните активности.
Тој соопшти дека во текот на досегашната изборна кампања посетил повеќе градови и општини во Источна Македонија, каде имал срдечен прием од граѓаните.
“Во овие неколку дена ги посетив Велес, Штип, Кочани, Виница, Зрновци, Чешиново- Облешево, Берово, Пехчево, Петровец, Карбинци, Кратово и други помали места во изборната единица 3. Им благодарам на сограѓаните за досегашниот срдечен прием.”
-соопшти Јанушев.
Целото видео обраќање проследeте го во продолжение:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево