Поранешниот пратеник во Македонскиот парламент Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во јавноста се обрати со своја реакција во врска со правните и уставни рамки кои што ја определуваат материјата за разрешување на активен Министер во Владата на Република МАкедонија..
Во врска со поднесената оставка на Венко Филипче од функцијата Министер за здравство на Република Македонија и иницијативата која што ја најави во текот на вчерашниот ден претседателот на Оппозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ќе поднесат опозициските пратеници предлог одлука за разрешување на Вилипче во собраниска процедура, во јавноста се појавија повеќе толкуваа на ваквата материја.
Свој придонес кон дискусијата дава и искусниот поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кому му се познати ваквите правни дилеми:
“Што видовме овие два дена во врска со “оставката” и предлогот за разрешување на Венко Филипче?
1. Веќе никој не зборува дали Венко Филипче треба да ја напушти функцијата, туку сега се зборува по која процедура треба да оди неговото заминување;
2. ДУИ се стави во целосна одбрана на Венко Филипче, а жртвувајќи ги своите функционери и фрлајќи го во корпа револтот на тетовчани;
3. Владината коалиција ни кажува дека сите се одговорни (па дури и ДУИ), само Венко Филипче не е;
4. Уставното право на Собранието да избира и разрешува функционери, ДУИ и СДСМ го спорат, запираат и кочат со процедурални заврзлами;
5. Уставното право на пратениците да предлагаат одлуки ДУИ и СДСМ го ограничуваат и кочат повикувајќи се на правни акти со пониско значење од Уставот на Република Македонија
Според ова погоре, имам неколку квиз прашања до Талат Џафери? (Може да има еден или повеќе точни одговори, но и еден или повеќе неточни одговори)…
1. Дали Венко Филипче е избран со одлука? Или, можеби е избран со декларација, закон или резолуција?
2. Ако е избран со одлука, зар не треба да биде разрешен со одлука?
3. Дали Претседателот на Владата има поголеми процедурални собраниски права за предлагање на одлуки од било кој пратеник, член на Собранието?
4. Дали ако Венко Филипче поднесе оставка до Талат Џафери, тој нема да ја прифати и нема да ја констатира на седница на Собранието? (Нека пази на ова прашање, зошто архивите на Собранието лесно ќе го демантираат)…
5. Дали Талат Џафери знае дека констатирање на оставка поднесена од Министер не е иста постапка како и разрешување на Министер по предлог на Претседател на Влада? (Ако не знае нека побара во архивите во 2007 и 2008 година)…”
-напиша на фејсбук Илија Димовски,.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“