БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Илија Маринковски: Празникот наречен датум за ЕУ

Пренеси го гласот

И повторно нашите „верни“ пријатели од западот не извисија за долгоочекуваниот датум за почеток на преговорите со Европската унија.

Сите ветувања на владата упатени кон народот пропаднаа во вода. Секој кажан збор, секое ветување од нивна страна, секое тапкање по рамо дека во јуни ќе добиеме, па не септември ќе биде, октомври ќе биде, се сруши како кула од карти. Милионски суми беа потрошени за „првиот“ датум што го добивме, што беше како што јас сакам да кажам, датум за датум за можен датум за почетон на преговорите. Прослави по плоштадите, ударна тема на владините телевизии, актуелна тема за твитање кај владините ботови…

Сите ги паметиме зборивите на Премиерот Зоран Заев во врска со камшикарот. Да, се согласувам дека нам ни е потребен камшикар, но не од надвор. Нам ни е потребно улогата на камшикар да ја има премиерот, да ја имаат министрите, да ја имаат судовите. Извршната, законодавната и судската власт да бидат независни. Секој што се огрешил пред законот да одговара, судот да не биде алатка на власта, пратениците да не бидат само алатка за гласање туку реално да ги претставуваат проблемите на народот во државата.

Велеа дека да го решиме проблемот со името и ќе влеземе во ЕУ па така го потпишаа еден од најштетните договори за Република Македонија, Преспанскиот договор.
Велеа дека Република Бугарија може да не блокира на патот кон ЕУ и НАТО, па ајде и со нив потпишавме добрососедски договор, кој можеби е дури и поштетен од Преспанскиот.
Ставија европско знаменце на законот за двојазичност и го протнаја во Собрание.

Покрај целиот тој Сизифов труд вложен од владата, заборавија на сите актуелни проблеми што постојат во државава. Го занемарија судството, го занемарија образованието, ги занемарија младите, ги занемарија странските инвестиции, ги заборавија сите ветувања што ги дадоја на изборите. Но едно нешто не заборавија, а тоа е да се вмешаат во било каков криминал.

Сосема на крајот сакам да кажам дека не ни е крива Франција, Холандија, Белгија, Германија, Грција или сосема некој друг зошто ние не сме добиле датум за преговори со Европската унија. Самите сме криви. Самите сме криви бидејќи ги занемаривме внатрешните проблеми, чекавме некој да дојде во улога на камшикар и да ни спроведе реформи.
Способноста на оваа влада излезе на виделина и резултатот е тој. Сега после сите успеси/неуспеси на оваа влада време е народот да ја даде финалната оценка и да го каже последниот збор. Сега се потребни парламентарни избори. За доброто на народот, за доброто на Македонија.

Пишува: Илија Маринковски

Креирано од:


Пренеси го гласот