БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ИМЕТО, ДАТУМОТ, ЧИСТИЛИШТЕТО И ВЕТЕНИОТ РАЈ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кај нашиот народ за мрчачи луѓе се вели дека преку денот сите ги мразат а вечерта сами себе се мразат.

Во услови кога целокупната власт во државата е во рацете на СДСМ чиј што Претседател е Зоран Заев, единствено нешто што им преостанува на властодршците е да ги обвинат сите други за сопствените неуспеси, освен нив самите.

Ефектите на ваквата виртуелна војна за зачувување на својот кредибилитет која што актуелните властодршци одамна ја испуштија од раце се присутни наголемо во нивните глави до таа мерка што “лутаат во облаци” заборавајки ги реалните и објективни услови во кои што живеат- преживуваат Македонските граѓани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На Македонија не и’ беше потребно да се случи кризата со корона вирусот за да дојдеме до дереџето во кое што сме сега. Кон оваа голгота бевме од поодамна тргнати како општество и како народ.

Само сега борејки се против невидливиот непријател на човештвото со седење дома (колку и да звучи идиократски оваа реченица), Македонскиот народ беше во можност да си ги преиспита сите сопствени сегашни и минати постапки и во рамки на оваа ретроспектива сигурно ќе излезе помудар за уште едно болно искуство.

Болката и страдањата на овие простори не е ништо ново.

И тука можеби е главниот проблем на Македонскиот колектив кој што секогаш реагира постфестум, или додека не дојде “ножот до коска” што би рекле народните мудреци.

“Ќути може и полошо” -е чуден механизам за одбрана и опстанок на Македонскиот народ.

Вакви “мудрости” во македонската лексика ги има многу кои сега збогатени со благодетите на мудроста на домашниот затвор по сопствен избор, ќе почнат да се манифестираат на уште повисоко ниво во македонското секојдневие.

Способноста на сардините да ги предвидат процесите, случувањата, однесувањата како во конзервата, така и надвор од неа е за џабе присутна кај нив самите како што се полегнати во нечие претходно подготвено масло во лименката. Ваквата народна мудрост на риби кои си беседат внатре во лименката, чекајки да бидат изедени од некој гурман е дополнителна гурманска возбуда, предизвик и сладовкусие кај грабливецот кој што се подготвува да ги изеде рибите..

А риби на менито секогаш ќе има се додека не се појави некој нов Ковид 120 вирус кој мутирал токму од вијугите на мозочните клетки кај овие риби кои не престануваат да си муабетат за ланскиот снег, додека во тавата се крчка маслото во кое ќе бидат зготвени.

Реактивната компонента на Македонскиот револуционерен дух е главен виновник за се она што ни’ се случува како општество и држава во опкружувањето во кое што сме сместени со генерации назад. А превентивноста како филозовски вјерују е идентитески подзаборавен наратив во битот на нашиот народ. “Јунаштвото” на големиот револуционер и неговата херојска смрт како логичко следство на тоа јунаштво е она што најмногу му одговара на стратешки и интелектуално понадмоќниот непријател на овој ЗОО парк кој никако да помине зад невидливата ограда на својот чопоративен дом.

Оттука потребата на власта да креира за да потоа ги менаџира сопствените кризи е со цел да се прокламира како своевиден реактивен херој-јунак-лидер на процесите во државата. За притоа преку своите платени мегафони да го окупира вниманието на доброволните затвореници кои чекаат Филипче од телевизорот во форма на јунак да им подаде сламка за спас од мизеријата во која е втурнато целокупното Македонско општество.

Наскоро ќе снема пари да се платат сметки, потоа ќе снема пари за да се купат патлиџани и конзерви за да се појде на долго посакуваниот и очекуван годишен одмор во NEA-некаде надвор од државата. Потоа ќе дојде почеток на школската година за која никој нормален во државата нема претстава како ќе се спроведува. Здравството ќе продолжи да биде бизнис, црквите замена за болниците, тревите и чаевите ќе бидат глорифицирани на ниво на религија а семејството како основна општествена ќелија ќе продолжи да биде дезинтегрирано по сите можни шавови.

“Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај” е синтагма во која е содржана целата немоќ на Македонската интелегенција да се надвисне на проблемот во било кој даден општествен или историски контекст. И тогаш хероите, толпата, гласноговорниците, народните мудреци добиваат на израз и почнуваат да предводат свои лични револуции и замислени борби без издржана и стратешки обмислена цел преку интуитивни, рефлексни изблици на херојство и мачеништво. А без таа животна интелегенција никогаш нема да се појави соодветно лидерство кое ќе му даде силна и суштествена манифестација на Македонското постоење содржано во името Македонија.

На Македонија се потребни нов тип на купувачи на телевизори. “Клиентела” која што кога го купува телевизорот знае дека телевизорот е сретство кое што треба да му го направи животот подобар а не жив пекол.

Консументи на зборот кои знаат да ја препознаат пропагандата на власта како последната линија на одбрана од падот на хунтата која го промени името на државата преку ветувања за рајски живот кој никогаш не дојде.

Веројатно овој факт дека Власта на Зоран Заев како лидер на СДСМ го промени името на Република Македонија незаконски, противуставно и со уцени ќе биде протолкуван на различен начин од секој различен граѓанин на Македонија.

Уште поверојатно дека датумот за почеток на преговори со ЕУ кој што никогаш не го дознавме кој е, исто така ќе биде протолкуван на толку различни начини колку што има Македонци во Македонија. Различните толкувања за овие две прашања се особено истакнати кај оние кои што се сомневаат дали се Македонци, Бугари, Срби, Џедаи, Клингонци или нешто друго…

Но сите до еден, (повторувам) СИТЕ ДО ЕДЕН во државата ќе почнат да го чувствуваат гладот, немаштијата, необразованието, нездравјето, дупките по улиците, смрдеата од неизградените канализации, “газираноста” на водата во водоводните цевки итн…

А тоа време доаѓа. Многу побргу од датумот за изборите.

Доаѓа Чистилиштето каде Македонскиот народ ќе биде исправен пред нови порти за да влезе во толку посакуваниот рај.

Пишува: Кирчо Анастасов (repost од 09.05.2020)

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace