БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Власта одби во ребалансот на буџетот да дозволи интервентен фонд за земјоделците

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

И покрај декларативните заложби на највисоките претставници на власта дека ќе обезбедат поддршка за сите граѓани во услови на пандемија, сепак во суштина власта останува глува за потребите на земјоделците, естрадните уметници и фирмите кои имаат угостителска подружница.

На вчерашниот прв ден од расправата за ребалансот на буџетот од страна на парламентарното мнозинство беа одбиени амандманите кои ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ со цел за поддршка на овие целни групи на Македонски граѓани кои имаат исти права како и оние кои што добија некаква помош претходно од државата.

Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи упати своја реакција со која ги разобличува лицемерните политики на актуелната власт:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Помина првиот ден од амандманската расправа по ребалансот на Буџетот за 2021 година. Од вкупно три амандмани на опозицијата, сите три беа одбиени, и од заменик-министерот, и од пратениците на мнозинството.

Се работеше за следново:

1. 300.000.000 денари за интервентен фонд во земјоделството;

2. 15.000.000 денари за фирми, чија основна дејност не е угостителска, но имаат подружница со таква дејност и би добиле по 15.000 денари од вработен – финансиска поддршка;

3. 20.000.000 денари за естрадни уметници.

Заклучок од првиот ден: За оваа власт не се битни земјоделците, естрадните уметници и останатите чесни работници во Македонија.

Наравоучение: Не ги слушајте што ви зборуваат, туку гледајте што прават.

#НеСмеСитеИсти

-напиша Дафина Стојаноска на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace