БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Штипјани немаат вода за пиење а директорот на ЈП Исар се заканува со рестрикции кон штипјани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако останаа без вода делови од Штип во текот на изминатиот ден, зовре политичката состојба во општината.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција го обвини актуелниот менаџмент на Јавното претпријатие Исар од Штип како најодговорно за ваквата состојба.

Во продолжение го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Игор Ефтимов од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Заканите на директорот на ЈП Исар, како да се претворија во реалност! 

На 40 степени целзиусови, половина град остана без вода повеќе од 24 часа! 

Врв на неспособноста е што од страна на локалното раководство, граѓаните се обвинети дека дефектот настанал поради големата потрошувачка на вода.  

Како за прв пат на вакви огромни горештини да се троши вода!  

И наместо директорот да троши енергија на пишување статуси со закани за рестрикции на вода, редно време е да се позанимава со зајакнување и подобрување на водоводната мрежа. 

Наместо директорот да објавува видеа на социјалните мрежи и да се оправдува на настанатите дефекти, редно време е ЈП Исар да обезбеди квалитетна услуга. 

Наместо СДС во изминативе 4 години да ги реализираа сите ветени проекти, поврзани со водоснабдување на градот, за сметка на садењето цвеќиња, тие ги оставија штипјани жедни, поради бројните исклучувања на водата од нивните чешми. 

Очигледно е дека во ова јавно претпријатие владее неспособност на менаџерско ниво, кое треба веднаш да си даде оставка, затоа што во овој летен период и време на пандемија, ги остави штипјани без вода!”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace