Во Општина Карбинци во последните 100 дена покажавме дека можело да се работи и да се гради за својата општина. Со цела сила сакаме да покажеме дека можело поинаку и дека оваа наша општина може да биде многу подобро и почисто место за живеење,
-изјави градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов, на денешниот настан „ Промени што носат иднина – 100 дена локална власт- отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“ кој се одржа во Кочани.
“Пред само 3 месеци наследивме општина која беше изолирана и недостапна за народот. Наследивме јавно претпријатие кое должи повеќе од 20 милиони денари.
Но нашиот мотив, желба, знаење и умешност беа посилни од сите препреки со кои се соочивме во овие 100 дена. За 100 дена успеавме да исчистиме две големи депонии на територија на општина Карбинци. На исчистените локации поставивме табли на кои се алармира дека е забрането фрлање на отпад. Асфалтиравме улица во селото Таринци, Целосно го завршивме мостот и пристапниот пат во село Карбинци, кои се градеа долги години. Започнавме партерно уредување на влезот на селото Таринци.
Започнуваме со реализација на уште една улица во село Долни Балван. Набавивме нови детски играчки за дворот на детската градинка “Кокичиња”
Одобрен е проектот кој што корегиравме за реализација за доградба на истата детска градинка “Кокичиња” со капацитет за дополнителни 50 деца. Исчистени се повеќе јавни површини во селата Крупиште, Балван, Таринци, Карбинци, Радање и Аргулица.
Обезбедивме проекти за реконструкција и доградба на училишната зграда во Таринци. Обезбедивме проекти за нова детска градинка во Карбинци. Обезбедивме проект за уредување на одводниот канал “Гере”. Изработивме елаборат за отстранување на објектот “Спортска сала” во село Долни Балван. Во завршна фаза е уредувањето на речното на Козјачка река во Карбинци. Уредно легализиравме над 20 предмети кои чекаа завршница со години, а вече се работи и на преостанатите. Во завршна фаза е инфраструктурното уредување на индустриската зона. Завршен е и локалниот пат до село Парналија, Уличното осветлување се подигната на многу повисоко ниво, со брзи и ефикасни интервенции. Некколкуте на носи на снег беа експресно и брзо исчистени”
-Соопшти Градоначалникот Паунов во своето обраќање до јавноста.
Паунов нагласи дека општината денеска е отворена за народот, секој жител може да закаже средба за било каков проблем, забрзана е работата на општинската администрација, а тој како градоначалник се откажал од сите репрезентативни трошоци и сите привилегии.
Наскоро ќе следат асфалтирање на две нови улици во Карбинци, нова улица во Радање, реконструкција на патот Таринци – Долни балван со велосипедско- пешачка патека, нови асфалтни површини во населените места, реконструкција на мало спортско игралиште, но и главна улица во Таринци, изјави Паунов.
“Почитувани присутни, со цело срце за општина Карбинци идејата е поставена по секоја цена одиме докрај. Градиме нова иднина, “
-заврши со обраќањето пред присутните градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот Гоцевски ги повика граѓаните на Делчево да го креираат новиот Буџет на општината
29 годишник од Кочани ја нападнал својата 35 годишна вонбрачна сопруга
Работник паднал во отворена шахта на неговото работно место во селото Градец, виничко