До редакцијата на Брегалнички портал по пат на електронска комуникација пристигна писмен допис со информации кои што укажуваат на противзаконски дејства и постапување во врска со јавна набавка спроведена од гимназијата во Делчево.
Во продолжение во името на висок јавен интерес и потребата за информирање на јавноста и алармирање на надлежните институции за проверка на овие индиции овој текстуален допис го пренесуваме интегрално, без никакви редакциски интервенции со цел за зачувување на автентичноста на истиот:
“Од СОУ Методи Митевски Брицо во Делчево е распишан тендер за најповолна понуда на 15. 7. 2025 до 31. 7.2025 година. Објавата е поништен поради неподнесена ниту 1 понуда или ниту 1 прифатлива понуда. Повторно е објавен на 14. 08 .2025 и трае до 29.08.2025 година каде за најповолен понудувач е изберена фирмата Фаст Констракшн МК ДО. Постапката е сомнителна поради првото поништување а се со цел да се види понудената сума од останатиот понудувач за да во следната објава се дојде до понуда која е пониска а и со тоа поповолна и прифатена. Притоа се прави фаворизирање на фирма на која одговорно лице е Претседател на политичка партија во Македонска Каменица. Сомнително е и тоа што оваа фирма ги добива сите три дела во набавката каде дел 3 е набавка, изработка и монтажа на мебел и столици а фирмата добитник е градежна. Истиот тендер е двапати објавуван во 2024 год . и одбиен од причини што немало средства во буџетот, знаејќи се дека во декември точно се знае колку изнесува буџетот во училиштето. Тогаш во 2024 год. понудувач понудил сума за дел 1 и 2 од 1.600.000,00 (еден милијон и шестотини илјади денари) а сега сумата за овие 2 дела е 2.200.000,00 ( два милијони и двесте илјади денари). Иако работите се во тек сомнителен е самиот почеток, имено во припремни работи односно демонтажа на постоечки елементи мебел, слики, табли, завеси , сумата е 6000 ден. додека овие зафати ги вршеа техничкиот персонал вработен во училиштето за време на работното време. Дали е спроведена постапка за продажба или оттуѓување на имотот односно инвентарот од канцелариите и далидел од инвентарот веќе без постапка се наоѓа на приватен имот. Вкупната сума за реализација на проектот е огромна и нереална а се работи за воспитно образовна институција од каде треба се даде пример за коректно исправно и домаќинско работење”
-стои во информацијата доставена до нашата редакција, од страна на загрижен укажувач.
Апелираме до сите инволвирани и засегнати страни и надлежни истражни органи да ги проверат и да се произнесат за овие сомнежи и индиции со крајна цел за расчистување на оваа посочена ситуација.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (Втор дел: Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена во село Разловци- Монументални фрески на ктиторите на црквата)
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (Прв дел: Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена во село Разловци- Епицентар на изразен духивно-просветителски живот)
МВР пронајде марихиуана кај 34 годишен жител на Виница. Поднесена кривична пријава