Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет на Берово до градоначалникот на Општината поднесе своја иницијатива за субвенционирање на набавката на велосипеди од страна на граѓаните на Берово.
Оваа нивна иницијатива советниците во општинскиот совет ја базираат на идејата што помасовно да се користат велосипедите од страна на граѓаните, како прилог во зачувување на животната средина и зачувување на физичкото здравје на граѓаните.
Предлогот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ е општината да субвенционира 50% од набавката на велосипеди со сретства од општинскиот буџет.
Во продолжение го пренесуваме соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Берово во врска со оваа иницијатива:
“СООПШТЕНИЕ
Почитувани граѓани на Општина Берово,
Ве известуваме дека Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Градоначалникот на Општина Берово поднесе Предлог за објавување на Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Берово за купување велосипеди во 2020 година.
Се надеваме на позитивен одговор, кое нешто е во прилог на сите граѓани на Општина Берово.
Со почит”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево