БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иницијативата “Го сакам Водно” реагира со загриженост на најавите на Макрадули за “интервенции” на планината

Пренеси го гласот

Граѓанската иницијатива “Го сакам Водно” како дел од нивната беспоштедна борба за заштита на животната средина на Водно, реагираат со загриженост на социјалните мрежи во врска со активностите на Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули и неговите најави дека ќе прави интервенции на планината Водно.

Тресла се гора-родио се миш.

На толку дебати, состаноци и средби, и средства на даночните обврзници дадени за експерти и дневници, работните групи кои се зaдолжени за изработка на овие закони ни даваат старо-нов закон за Водно, без битни промени, и буквално препишан од пред 40 години.

Ова сега што се промовира како Закон за Водно е делку од оној lex specialis кој што беше најавуван од страна на градоначалникот Шилегов.

Мора да напоменеме дека до сега не сме биле дел од ниту една од средбите на работните групи, ниту сме биле поканети да учествуваме, ниту ни е познато дали некој од граѓанскиот сектор учествувал.

Од она што го кажува заменик министерот Јани Макрадули, законот за Водно повторно предвидува зони на делување, како и оној од 1976 (потврден 1991). Особено не загрижува следнава изјава:

„Зонирањето е завршено и се навдевам законот брзо ќе дојде во владина процедура. Истото ќе важи и за Водно. Ќе постојат заштитени зони во кои нема да може ношто да се прави, додека во други ќе може да се интервенира за рекреација и за објекти.“

Токму тие „рекреација и објекти“, најчесто имаат широко толкување и се злоупотребуваат, и прават ден за ден да го губиме Водно. На Водно не му се потребни нови содржини и измислици! Потребна му е заштита!

-напишаа на фејсбук од граѓанската иницијатива “Го сакам Водно”

Креирано од:


Пренеси го гласот