БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Интерпелацијата на Левица за Даути е успешна – Гаши да го одблокира Законот за бранителите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција во врска со интерпелацијата на Илире Даути која што денеска си поднесе оставка од претседателското мест во Комисијата за социјална политика, демографија и млади, свое обраќање во јавноста имаше Саше Јанчев од Левица:

“Интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица за Претседателката на Комисија за социјална политика, демографија и млади е успешна. По изгласаната интерпелација и јавен притисок поттикнат од Левица, Илире ДАУТИ си даде оставка и повеќе не е Претседателот на оваа комисија. Воедно, Левица го поздравува потегот на пратеничката Даути, која демонстрира политичка одговорност и се надеваме дека овој пример конечно ќе ја подигне демократската култура во општеството.

Пратеничката група на Левица има дијаметрално спротивни ставови и гледишта по повеќе работи со Илире Даути, но и покрај тоа, го поздравува и ѝ честита за овој потег, затоа што со ова, конечно покажа интегритет.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Изгласаната интерпелација значеше дека се обезбедени гласови за формално разрешување на Даути од страна на Пленумот. Но, и покрај тоа, Левица не покрена формално процедура за нејзино разрешување преку Комисијата за избори и именувања и оставипростор од неколку дена, Даути сама да се повлече од функцијата и да си даде оставка, што на крајот се случи.

Ова е прва успешна интерпелација во историјата на Собранието на Република Македонија од ваков тип. Товарот за блокирањето на Законот за бранителите сега повторно е на Претседателот на Собранието. Левица го повикува Африм Гаши да постапи деловнички и согласно ингеренциите, да ја свика Комисија за социјална политика, каде конечно Законот за бранителите, да биде одблокиран и се најде на дневен ред пред пратениците,”

-стои во интегралниот текст на пратеникот од Левица.

Креирано од:


Пренеси го гласот