БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Инволвирани во скандалот за доделување на грантот од 620 илјади евра се обиделе да ги прикријат трагите

Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки повторно ја алармираше јавноста за индиции за прекршување на законот од страна на високи функционери на власта- вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Директорот на агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.

Ковачки алармираше дека инволвираните лица дури се обиделе и да ги прекријат трагите за постапката за добивање на грант од 620 илијади евра за конзорциумот невладини организации на сопругите на Битиќи и Муслиу.

“Почитувани,
Ова е дел од Меморандумот кој го потпишал Конзорциумот на невладини составен од невладините на сопругите на вицепремиерот Битиќи и директорот на АР Еролд Муслиу, а врз основа на кој е добиен грантот од 620.000 евра.
Ова се потписите на сопругите на Битиќи и Муслиу.
И Фатмир Битиќи и Еролд Муслиу знаат дека се фатени 100:0, и двајцата знаат дека е недозволиво додека тие се на високи државни позиции, нивните сопруги да земаат грант од 620.000 евра, процес во кој била вклучена и владата преку Националниот координатор за борба против тероризмот.

Денеска ќе обелодениме и дека откако го добиле грантот, тие се обиделе да ги прикријат траги. Имено, само 5 дена по добивањето на парите, сопругата на Битиќи се брише  од овластени лица на нејзината невладина организација, со промена евидентирана во Централен регистар.

Тоа што сопругата на Битиќи се избришала од овластено лице 5 дена по добивање на грантот не го менува фактот дека Битиќи е вицепремиер на седница на влада кога е донесена одлуката Националниот комитет да склучи меморандум со Конзорциумот на кој му се дава странски грант во време кога неговата сопруга сеуште е претседател на НВО.

Трговијата на влијание се случила со одлука на владата.

За случајот досега одмолче ДКСК, ЈО, вицепремиерката за добро владеење и премиерот Ковачевски.

До кога ќе молчи Стево Пендаровски кој лично го има поставено Директорот на Агенција за разузнавање и кој самиот тврди дека е најинформираниот во државата.

bregalnickimarketing

Го информираа ли Пендаровски за начинот на кој се богатат неговите пулени?

Никогаш не било полошо. Време е да ги поразиме.”

-рече на денешната прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки

Креирано од:


Пренеси го гласот