БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ирена Попова: Дали е вршено притисок врз полицијата да се преиначи делото од продажба на наркотици во поседување на наркотици за лична употреба?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во врска со случајот во кој што полицијата пронајде кокаин кај сега веќе поранешниот директор на ЈП “Илици и патишта” во Град Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ во јавноста упатуваат повеќе прашања кои се од интерес на јавноста.

Ирена Попова која што е советник при Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ одговорноста за ваквите противзаконски дејства ја лоцира кај скопскиот градоначалник и неговата кадрова политика со коа ги именувал поранешниот директор кој што после немилиот настан го разреши.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на советничката Попова во врска со овој случај:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Почитувани,

Шилегов молчи и мисли дека со разрешувањето на Сенад Смаиловиќ – Сенко, од директор на ЈП „Улици и патишта“ ќе се спаси од одговорност. Разрешувањето не го амнестира Шилегов од одговорноста, што на клучна позиција поставил лице кое е фатено со две пакетчиња кокаин во себе.

Дополнително, граѓаните не се запознаени со детали од настанот и дали МВР нешто крие?!

Дали во присуство на директорот на ЈП „Улици и патишта“ бил и директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорги Галетановски – Чомбе?

Каква е улогата на Чомбе и дали и тој бил претресен за поседување на дрога?

Што уште треба да се случи Шилегов да поднесе оставка, кога двајца негови директори се вмешани во огромен скандал?

Дали е вршено притисок врз полицијата да се преиначи делото од продажба на наркотици во поседување на наркотици за лична употреба?

Дали МВР се замолчува под налетот на партиските јурушници на Заев?

Зошто институциите се ставаат во заштита на криминалци, но и зошто се ставаат во раце на криминалци?

Како ќе им објасни Шилегов на Скопјани дека Сенко носел одлуки при полна свест и разум. И како воопшто го назначил?!

Шилегов треба јавно да се извини, но и сам да понесе одговорност и да си замине, бидејќи истиот е негово кадровско решение.

Неодговорноста на Шилегов ќе повлече и неодговорност и на други носители на јавни функции, кои го изневериле народот.

Случајот на Сенко е само еден во низата криминогени настани, предводени од луѓе на позиции поставени од СДСМ. Претходно градоначалникот на Ново Село беше фатен како шверца цигари, градоначалникот на Демир Хисар, како се заканува дека прислушкува свои сограѓани, градоначалникот на Шуто Оризари како малтретира човек во својот кабинет, пратеник како нарачува дрога и многу други.

СДСМ не се извини за ниту еден од нив и нивните криминали.

СДСМ ја води државата со криминалци. Одговорност мора да има! Градоначалниче вие сте на потег!”

Креирано од:


Пренеси го гласот