БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Истокот сепак ќе добие Клинички центар. Градоначалникот Јорданов успеа да го реши повеќегодишниот спор за доброто на Штип и целиот регион

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов за жителите на Штип но и за граѓаните на целиот Брегалнички регион соопшти дека конечно е надминат проблемот околу изградбата на новиот Клинички Центар која што беше заглавена повеќе години наназад.

“Решивме проблем за Штип и целиот Источен регион!

Како што ветив, ќе правам напори и притисок секаде каде што имам можност, за да овозможам благосостојба на моите сограѓани и квалитетна здравствена услуга, преку изградба на Клиничката болница.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Конечно, на мое лично барање се реши долгогодишниот спор меѓу изведувачот и подизведувачот, а тоа значи деблокада во процесот на изградба на болницата. Она што беше работа на власта, затоа што беше од интерес на секој еден од жителите на Општина Штип, помогнав да добие позитивна разрешница и да добиеме највисок квалитет во добивањето на здравствените услуги!

Вака ќе ги решаваме сите проблеми, затоа што ако е во интерес на граѓаните, тогаш е во апсолутна надлежност на општината!”

-информираше градоначалникот на Штип Иван Јорданов во врска со овој можеби најзначаен регионален проект во последната деценија за Брегалничкиот регион.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace