БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: Делчево во последните 3-4 години во јавноста е познато само по црна хроника

Пренеси го гласот

Ова не се само натписи од медиуми кои последниот период се однесуваат за општина Делчево, а тоа навидум е и вистината за проблемите и опасностите кои не опкружуваат а за кои власта во заминување на СДСМ и институциите со кои раководат нивни кадри во последните неколку години “киднапирано” молчат!

Молчат додека опасностите од векаков вид надвиснуваат над нашите деца и млади!

Ова што му се случува на Делчево во последниве 3- 4 години е поразително!

Ова е недозволиво и за во некои неразвиени афрички држави, а камоли за држава која е членка на НАТО и која претендира за влез во ЕУ. Замислете само во каква држава живееме кога оние директно виновните за ситуацијата за која зборуваме рекламираат некаков си нивни “Западен фронт”?!

За мал град како Делчево кој до пред неколку години важеше за пример, град водич во економска сфера во крајниот микро источен регион, мал град со многу мали и средни правни субјекти, со развиен спорт, со многу културни збиднувања и со еден од најголемите културни настани во државата како “Гоцеви денови” и што ли уште не, дојдовме до ситуација да бидеме сведоци на немили настани како овие од насловите од прилогот, опожарување на возила, засилени слухови за некотролирана продажба на наркотични средства и девијантни појави од кои стравува секој еден здраворазумен родител.

И сето тоа преку луѓе инсталирани, близки до владата на СДСМ и ДУИ, за кои јавноста знае но поради сеприсутниот страв е принудена да молчи…

Повеќе од јасно е ова за што зборуваме, прикривање и покривање на тоа што се случува во градот не може да помине туку така и без поддршка од веќе споменатите.

Ако отворите на било кој пребарувач на вести и го напишете името на нашата општина во последните години ќе ви излезнат содржини во кои истата воопшто не е спомнета по добро. Напротив само во црна хроника.

bregalnickimarketing

Ова е недозволиво, ова мора да прекине. Среќа што за брзо ќе имаме парламентарни избори и тогаш народот треба навистина да рече- СТОП, на ова пропаѓање на градот.

За ова народот мора да даде отпор и заедно да и помогнеме на нашата општина да и тргне на подобро…

-Пишува: Иван Гоцевски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот