БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: Кој дозволил телото на починат жител на Делчево да биде погребано надвор од христијанските гробишта?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст на прес конференцијата на Иван Гоцевски- Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево, во врска со грозоморниот чин на постапувањето на менаџментот на ЈКП Брегалница Делчево со телото на починат сограѓанин од Делчево.

“Драги Делчевчани, распадот и пропаста на локалните институции во Делчево под управа на постојната власт на СДСМ доживува нови уште потемни би рекле морбидни длабочини до толку болни, тешки или несватливи информаци што сите ние заслужуваме одговор на неколку прашања.

Би сакале да го запрашаме директорот на ЈКП Брегалница во Делчево , Стојче Стојковски, да одговори на сите граѓани во нашата општина, за извршена одлука во ЈКП ,дадена наредба или факт што укажува на нешто крајно нечовечки и ужасно.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Да ни одговори, директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево Стојче Стојковски дали тој го наредил исфрлањето на телото на починат жител на Делчево од градската Капела во Делчево пред некој ден, а за што се погласно зборува делчевската јавност?

Да ни одговори , дали достоинството што го заслужува секој човек е помалку битно од НЕПЛАТЕНA СМЕТКА ЗА ВОДА!!!

Доколку да, дали и кој Ви дозволи човекот да биде закопан во непозната локација надвор од градските христијански гробишта во близина на капелата во Делчево, без никакви Христијански почести, без трошка човечност и хуманост!

Доколку да, КОЈ ВИ ДОЗВОЛИ БРЕ НЕЛУЃЕ!

Кој ви дозволи човек кој бил наш сограѓанин за жал да биде фрлен како предмет од ова наше локално ампутирано општество во кое живееме!

Градоначалниче Трајковски, дали сте запознаени со монструозните постапки во претпријатието на вашиот миленик Стојче Стојковски? Дали ги оправдувате? Дали ги поддржавте? Или пак контролата и моќта веќе ви немаат граници?!

Каде беше општината во оваа ситуација?!

Драги наши сограѓани овие го пробија дното!

Ова нетреба да биде сватено како политички PR!
И ние се срамиме од оваа ситуација и од оваа пресконференција но сметаме дека овој тажен и нехуман пример мора да биде почеток за промената на законот за гробишта со кој ќе се стави крај на самоволието и моќта на поединци!

Ова мора да биде предмет со кој ќе се занимаваат надлежните инспектори !!!

Никој овде повеќе не е должен да го трпи самоволието на овие неколкумина во нашата општина.”

-стои во текстот на прес конференцијата на Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace