БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Делчево не е информирана и надлежна за проблематичниот погреб на делчевец а прашањата ги препратиле до ЈКП “Брегалница”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод информациите за несоодветно постапување од страна на ЈКП “Брегалница” Делчево во врска со погребните активности на жител на општина Делчево за кои што претходно известивме во јавност, упативме повеќе прашања до Општина Делчево, Градоначалникот на Општина Делчево и Претседателот на Советот на Општина Делчево:

“1. Дали општина Делчево, Градоначалникот и Советниците во Советот на Општина Длечево се запознаени со ваквата состојба што навистина се случувало?

2. Кои се причините лицето (наш сограѓанин) да не добие соодветен погреб?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

3. Кои одговорни лица донеле одлука покојникот да биде изнесен од градската капела и оставен без соодветен погреб?

4. Дали општината Делчево или ЈКП Брегалница Делчево или Советот на Општина Делчево има предвидено соодветна постапка за погребување на наши сограѓани самци кои што немаат семејство да се погрижи за нивниот погреб?”

На ваквите прашања до нашата редакција по електронски пат пристигна одговор од официјален е-мејл на оппштина Делчево со следната содржина:

ПРЕДМЕТ: Известување во врска со поднесено Барање за информации од јавен карактер 

Почитувани,

До Општина Делчево имате доставено Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под наш архивски број 20-1663/1 од 31.10.2024 година. По извршениот увид во предметното барање се утврди дека Општина Делчево не е запознаена со настанот наведен во Барањето со оглед на фактот дека за погребалните дејности, надлежно е Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА ПО Делчево. Поради тоа предметното Барање во законски пропишаниот рок беше доставено до имателот на информациите Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА ПО Делчево согласно  член 18 став 1 од  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.101/19).

Имено согласно член 5 став 1 точка 12 од Законот за комунални дејности пропишано е дека комунална дејност е  одржување на гробишта, крематориуми и давање на погребални услуги, под што се подразбира определување, изградба и одржување на гробиштата, гробните места, гробниците, придружните објекти и инфраструктурата во гробиштата и давање погребални услуги, како што се преземање, чување, опремување и превоз на умрените до местото за погреб и погреб или кремирање.

Согласно член 9 став 2 од истиот Закон пропишано е дека за вршење на комуналните дејности, општините, односно градот Скопје можат да основаат јавно претпријатие, доколку со посебен закон со кој се уредува одделна комунална дејност поинаку не е уредено.

Согласно член 9 од Статутот на ЈКП „Брегалница“ Делчево бр.0101-121/1 од 19.04.2019 година пропишано е дека една од основните дејности на претпријатието е дејност со шифра 96.03-Погребални и слични дејности(управител на гробиштата).

Согласно горенаведеното Ве известуваме дека вашето Барање е препратено до Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА ПО Делчево.”

-се вели во електронскиот допис на општина Делчево до нашата редакција.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace