БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: Отворен термин еднаш неделно за прием и разговор со секој граѓанин на Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Иван Гоцевски во свое обраќање кон јавноста соопшти дека лично тој стои на располагање на секој граѓанин на општина Делчево за постојана комуникација во насока на обезбедување на подобра иднина за општината.

Секој петок во термин од 18.30 до 20.00 часот просториите на Централниот штаб на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево ќе бидат отворени, каде што секој граѓанин ќе може да поразговара лично со претседателот во насока на идентификација, дефинирање и мерки за надминување на сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Делчево.

Ваквата идеја и пракса доаѓа по постојаното игнорирање на проблемите на граѓаните од страна на актуелната власт во СДСМ и нивната затвореност во нивните кабинети и еднонасочни пропагандни трибини кои што ги држат пред своите партиски активисти.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Неодамна Општинскиот Комитет објави повик за доставување на предлози и идеи за реализација на проекти и решавање на проблемите на граѓаните на Делчево од страна на сите граѓани на општината. Како што информираат од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ над 120 предлози и идеи пристигнаа до Општинскиот Комитет во изминатиот период од кои што сите се обработени и ќе бидат предложени за реализација на Градоначалникот на општина Делчево во наредниот период во рамки на Буџетот на општина Делчево во 2023 година.

Во продолжние погледнете го обраќањето на Петседателот Иван Гоцевски во врска со оваа нова пракса на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace