БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: Преку активни УЗ и МЗ ја враќаме довербата на граѓаните кон локалната самоуправа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Длечево Иван Гоцевски вчера попладне беше на состанок со граѓаните од Месната заедница на село Габрово.

На систанокот граѓаните имаа можност да предложат свои предлози и иницијативи кои што влегуваат во процесот за реирање на годишниот Буџет на оптина Длечево за наредната 2026 година.

Жителите на Габрово избраа 14 приоритетни предлози кои што беа изгласани на демократски начин и доставени до градоначалникот за понатамошно постапување.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Активни месни и урбани заедници значат активни граѓани кои креираат подобра општина и општина која се грижи за своите граѓани.

Затоа моја прва задача како градоначалник е да ги активирам месните и урбаните заедници и да им ја вратам довербата во општината, како институција и да им потврдам дека тука сме заедно да ги решаваме проблемите.

Од с. Габрово, започнуваме со процес за активирање на месните и урбаните заедници.

Вечерва во с. Габрово имавме конструктивен состанок, каде присуствуваа над 60 жителите на с. Габрово. Со нив разговаравме за приоритетната задача – формиравме нов состав на Советот на МЗ на с. Габрово. Воедно, беа дадени 14 предлози за членови на Советот на МЗ Габрово, а беа избрани 7 члена на јавно гласање кои имаат обврска да се состанат и да изберат претседател.

Им честитам на сите присустни за нивниот интерес за активирањето на МЗ и им порачувам на веќе избраните членови на Советот да бидат одговорни претставници на своите соседи, пријатели и на целата Месна заедница.

Сакам да ја истакнам важноста дека месните и урбаните заедници се основната клетка во една општина со огромно значење за секој граѓанин, бидејќи преку оваа форма на организирање се овозможува граѓаните да се активни во својата заедница, да дадат придонес во решавањето на нивните секојдневни проблеми и да придонесат за подобро функционирање на општината.

Активноста за избори на новите состави на советите на месните и урбаните заедници ја продолжуваме наредниот период во сите 28 месни и урбани заедници во Општина Делчево.”

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски во врска со овој работен состанок

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace