Во текот на денот пратенички и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во јавност со свои лични изјави упатени до Македонската и целокупната светска јавност дека нема по никоја цена да ги гласаат измените на Уставот на Република Македонија предвидени со капитулантскиот Преспански договор потпишан од Никола Димитров и неговиот грчки колега Коцијас.
Овие изјави поради нивната историска важност ќе ги пренесеме сите една по една на нашиот портал, упатувајќи апел истото тоа да го сторат сите пратеници во Македонското собрание без разлика на нивната партиска или идеолошка определба.
Почитувани сограѓани!
Иако мислам дека Вие граѓаните кои ми ја дадовте довербата да ве застапувам во законодавниот дом доволно добро ме познавате ,меѓутоа за да нема недоразбирање за нешто за што сум дал и заклетва, а тое е дека ќе го почитувам и бранам Уставот на Република Македонија , јас како Ваш пратеник ќе кажам дека немам ниту мандат, ниту овластување, а ни лична намера, да ги погазувам Уставот и законите во Република Македонија и да гласам промена на име на мојата Татковина – Република Македонија.Борбата за Македонија продолжува!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани