Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Штип Иван Јорданов со своја реакција во јавноста упати повеќе прашања до властите во врска со одржувањето на предвремените локални избори за избор на градоначалници за 8 месечен мандат до одржување на редовните локални избори во Штип и Пласница.
“Со милионите кои планирате да ги трошите за локални избори за 8 месечен мандат. Колку болнички кревети може да купите со истите?
Колку амбулантни возила може да набавите со истите?
Колку дополнителни КОВИД тестови може да набавите?
Колку дополнителни боци со кислород може да набавите, за да не ги загушувате пациентите?Колку медицинска опрема за медицинскиот персонал може да обезбедите?
Спасете го народот од вашата алчност. Откажете се од намерата за одење на избори во услови на епидемија. Парите потрошете ги за здравство и здравје, сега тоа му е потребно на народот, а не вашата болна желба за власт и функции.”
-предлага Иван Јорданов на власта.