БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Јорданов помеѓу жителите на УЗ Васил Доганџиски во Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип заедно со членови на Општинскиот комитет и советници од ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот совет во Штип, во текот на вчерашниот ден беа во посета на жителите на Урбаната Заедница Васил Доганџиски во градот.

Посетата се реализира во рамки на кампањата за “Обнова на Македонија” која што ВМРО-ДПМНЕ интензивно ја спроведува во сите населени места помеѓу граѓаните ширум Македонија.

Овде сме во Урбаната Заедница Васил Доганџиски за да ги слушнеме проблемите на месното население. Наспроти тврдењето на актуелните власти и претставувањето од нивна страна на една розава слика, реалноста на жителите од оваа населба е сосема поинаква. Тие секојдневно се соочуваат со комунални проблеми, затоа сме овде да ги евидентираме и да иницираме решавање на истите,

-изјави во рамки на посетата на населбата Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Притоа тој најави дека во рамки на оваа кампања ќе бидат посетени сите населби и населени места во општината со што граѓаните ќе можат да земат активно учество во градењето на политичката платформа за реализација на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.

Во продолжение ја пренесуваме целата изјава на Иван Јорданов наа лице место од УЗ Васил Доганџиски од Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот