БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Јорданов: Во наредните 4 години Штип го гледам како град со насмеани и среќни граѓани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на општина Штип Иван Јорданов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска со своја прес конференција во јавност ги афирмираше проектите за подобрување на состојбата и условите за рекреација кај постојната пешачка патека во Штип.

“Тоа што е изградено, ние ќе го развиваме, унапредиме, доградуваме! 

Пешачката патека во Штип, онаа која го промени животот на сите нас и која секојдневно позитивно влијае врз нашето здравје, конечно инфраструктурно ќе се подобри. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со нашата програма гарантираме, изградба на паралелна – велосипедска патека покрај пешачката, со која ќе ја осигуриме безбедноста на сите рекреативци. 

Ќе ја доградиме и продолжиме постоечката патека, која ќе стигне до Караорман и Чардаклија. 

Покрај самата патека, ќе дополниме со урбани, спортски и детски содржини, а на истата ќе изградиме и адреналински парк. 

Сите љубители на спортско качување, картинг, скејт, ролери, ќе добијат уредени површини, каде ќе уживаат на својот омилен начин. 

Нашиот град за 4 години го гледам со насмеани и среќни граѓани, затоа што само таква ја прифаќам новата иднина за Штип! “

-соопшти Иван Јорданов- Кандидат за градоначалник на Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace