Денеска на прес конференција Катерина Досева која што е кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од редвите на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста ги афирмираше дел од економските политики застапени во програмата на кандидатот за градоначалник на Пробиштип Д-р Маријан Миленковски.
“Општината не може да биде ниту стабилна ниту моќна без економски развој.
А економскиот развој не доаѓа сам по себе.Само со создавање на поволна бизнис клима преку правилни државни, но и локални политики, со поттикнување на локалната економска конкурентност и со поволни локални даночни политики, Пробиштип може да стане привлечна бизнис дестинација.
Токму за оваа цел, во минатото беа изградени 3 нови индустриски зони во кои се изградија нови индустриски и производствени капацитети.За жал, како и се друго, овие 4 години замреа и индустриските зони. 0 (нула) нови индустриски зони, 0 (нула) нови инвестиции. Освен еден нов погон за марихуана кој никако да профункционира. Попусто ветуваа и бизнис центри за млади.
Сепак “чесниот” Драган Анастасов исполни делумно барем едно ветување, а тоа е вклучување на бизнис заедницата во дефинирање на приоритетите на општината. Но, не вклучување на целата бизнис заедница, туку само на своите блиски бизнис пријатели на кои општината им стана потчинета заради нивно поголемо збогатување.
За личните интереси на локалните власти од овие соработки ќе зборуваме во скоро време, а вие драги сограѓани самите знаете, слушате и гледате што се случува во општина Пробиштип и како некој преку ноќ станува побогат за парче земја или за стан повеќе.
Тоа е резултатот од владеењето на СДСМ во Пробиштип.
Но, доста е!
Општина Пробиштип заслужува повеќе!
Пробиштип има потенцијал, има капацитет, и просторен и човечки за да оди напред!Затоа, да избереме промени, да избереме напредок и економски просперитет!
Заедно да ја создаваме новата иднина на општина Пробиштип!”
– соопшти Катерина Досева, кандидат за советник ВМРО-ДПМНЕ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот