В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски го потпиша договорот со Министерството за животна средина и просторно планирање за реализација и на проектот Изградба на водовод на улицата „563“ во Кочани.
За изградба на водоводот на улицата „563“, Министерството, преку Програмата за инвестирање во животната средина, го додели побараниот износ од 2.453.810 денари, со вклучен ДДВ.
Улицата „563“ се наоѓа во Лесна Индустрија, а водоводниот крак што ќе се гради е со должина од 430 м.Реализацијата на проектот ќе започне по спроведување на постапка за јавна набавка за избор на најповолен изведувач.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг