Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Излезе новиот видео запис за песната Deutschland на Паркети

Пренеси го гласот

На онлајн сервисот Јутјуб утринава беше објавен новиот видео запис за песната Deutschland на битолскиот панк-рок состав Паркети.

Песната Deutschland се наоѓа на нивното петто албумско издание “Treinta Putos Anos” кое што излезе кон крајот на минатиот месец а сега како своевиден сингл добива и свој видео запис.

И спотот за оваа песна како и самиот албум е работен во партизански услови во продукција на симболично именуваната “fushrecords” во вид на домашно видео, но направено со многу многу повеќе ентизијазам во споредба од едно секојдневно фејсбук видео.

Впрочем сценографијата, костимографијата но и слободоумната енергија која може да се забележи на видео записот му го даваат токму тој панкерски тон на самата песна што изгледа навистина како наменет за профи спот за самата песна. Наивноста на 4-цата Паркети всликана во самиот спот не е толку наивна, туку кристално рафиниран уметнички сензибилитет пренесен преку овој видео запис. Перцепцијата на она што претендира овој запис да ја оствари дека еве се собрале 4 другари и со зезање направиле видео спот, во себе содржи една подлабока приказна на внимателно избран уметнички изглед кој датира од пазувите на долгогодишното музичко, сценско и воопшто културолошко егзистирање на бендот.

За обичната т.н. нова публика од “новото нормално” ова видео издание “лепи” со својата разиграност, колоритност, сценски екстравагандизам, кои се надоврзуваат на класичниот поп-рок звук на самата песна, но за оние стари паркетџии видеото раѓа чувство на топлина, огромна љубов, спомени, другарство, иконографија…

Долгата приказна на кратко (што вели еден македонски политичар), погледнете го сами видеото во продолжение ви видете за што станува збор:

PS. Вокалниот наратив на Зоки Паркет е ново освежување кое треба да се доистражи и понатаму до крај.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com