Со објавувањето на кандидатските листи за советници на претстојните локални избори во Кочани е забележан нов феномен кој што досега не е познат во домашната политичка пракса.
Имено според Ана Симонова која што е Претседателка на граѓанската организација ГРИН.ОРГ во Кочани за локалните избори е поднесена независна кандидатска листа под името ГРИН чие што име случајно или не е исто со името на невладината организација регистрирана во Кочани.
Дополнително според претседателката на ГРИН.ОРГ Симонова оваа граѓанска независна листа на списокот на кандидати содржи имиња кои што не се запознаени дека нивните имиња се кандидирани за советници во Советот на Општина Кочани и не се согласуваат да стојат на една таква листа на овие локални избори.
Ана Симонова индиректно имплицира дека зад ваквата досега невидена постапка на било кои локални избори во Македонија стои некој непознат центар на моќ кој што сака да го искористи името и реномето на невладината организација ГРИН.ОРГ која што е позната помеѓу граѓаните на Кочани по серија на успешно реализирани проекти за сите граѓани на општината во изминатите години, за да ги доведе до заблуда граѓаните за да ќари глас повеќе на претстојните локални избори.
За ваквата перфидна игра со политички цели Ана Симонова го повикува Основното јавно обвинителство да го истражи случајот особено во делот што некој се дрзнал да злоупотребува лични податоци на граѓаните за политички цели без нивно знаење и согласност.
“Формиравте партија Грин, во која на советничка листа ви се стаени луѓе кои не знаат дека се на листа…денес се имаат видено на листата, се упознавме…лично. Ми мириса на кривично дело…од утре ќе ви се одјавуваат у собрание…а позади сето ова стои……ЛЛЛЛЛЛ…да не ви кажувам…ама некој ќе го јаде дебело…злоупотреба на лични документи…апсолутно. ОЈО ДА СЕ ЈАВИ НА ГЛАВНА КАСА И ДА ПОСТАПУВА ПО ДОПРЕН ГЛАС…”
#министерствозавнатрешниработи
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Ана Симонова- Претседателка на невладината организација ГРИН.ОРГ а за своите тези и тврдења Ана сподели и писмени пишани искази на лицата чии што имиња се злоупотребени за да се најдат на кандидатската листа на советници на граѓанската независна листа ГРИН во Кочани.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година