Штип е универзитетски град, а единаесет години во континуитет е главна дестинација за младите од цела Македонија благодарение на развојните политики на ВМРО-ДПМНЕ, истакнува Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ Штип.
Детектираните потреби на граѓаните и овој пат се основниот патоказ за идните проекти, кои ВМРО-ДПМНЕ ги нуди за развој на општината. Освен планираната изградба на нов Студентски дом во насока на подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард и овозможување на пристоен живот на учениците и студентите во план е реконструкција на студентскиот дом „Браќа Миладиновци“. Во план е изградба на скејт парк со кој за прв пат ќе им се овозможи на љубителите на скејтањето да уживаат во овој спорт. Штип за прв пат ќе се здобие и со велосипедска патека за екстремен спорт. Ова се само дел од проектите наменети за младите. ВМРО-ДПМНЕ одамна ја презеде обврската за унапредување на животот и правилен развој на младите, затоа вложувањето во младите е проект кој не застанува, порача тој.
Извор: Курир


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати