БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јорданов: Сто дена поминати во зборување во идно време и проекти само на хартија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод 100 дена од мандатот на градоначалникот Бочварски, ВМРО-ДПМНЕ – Штип одржа прес конференција на која зборуваше претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов. Тој во пресот за јавноста изјави:

Изминаа 100 дена од мандатот на новиот градоначалник на општина Штип.

Ако направиме ретроспектива што ветуваше, а што исполни, ќе наидеме на празни зборови и ветувања кои очигледно нема да се исполнат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Изминативе 100 дена сме сведоци само на популистички најави и проекти во обид, а ветеното во програмата останува само на хартија.

За агресивно ветените капитални проекти, градоначалникот се уште користи додавки за идно време, затоа што од нив нема ни трага.

Популистичкиот метод на работа излезе на виделина уште на почетокот на неговиот мандат, иако наследно позитивно салдо на сметката на општината, обврската за исплатата на платите на вработените во јавноста ја претстави како најголемо лично достигнување и нов начин на работа.

Во кампањата ветуваше град без отпад, решавање на сообраќајниот хаос, нови фасади на зградите, бесплатна бања и превоз за пензионери, чиста вода за пиење во сите населби како и низа други инфраструктурни проекти, но наместо урбанизација добивме импровизација.

Општината во овие 100 дена се повеќе наликува на организација која слкучува меморандуими за соработка и организира настани и престави колку да може новиот градоначалникот да биде присутен во јавноста.

Единствено нешто што направи во овие 100 дена, е отпуштање на неистомисленици од работа, партизација и поставување на несоодветни кадри на раководни функции и незаконско назначување членови во Управни и Надзорни одбори.

Почитуван градоначалник,

Да ве потсетиме дека граѓаните на Штип гласаа за живот со: жичара до Исарот, спортско рекреативен центар во Суитлак, обиколница од бул. Гоце Делчев до ново село, па затоа, ве охрабруваме: да се фокусирате на вашата изборна програма, да ја разгледате од почеток и да започнете да ги реализира проектите од истата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace