Во петокот во 23.10 часот во Полициската станица Штип, М.Д. (35) од Штип телефонски пријавил дека бил прободен со нож во пределот на левата подлактица.
Околу 19.30 часот М.Д. отишол кај неговиот познаник Ф.А. (55), со привремен престој во Мирјанина црква во Штип, кој работел како чувар во основно училиште “Димитар Влахов“, каде и конзумирале алкохол. Околу 21.00 часот М.Д. тргнал накај дома, но во дворот на училиштето застанал и разговарал со неколку момчиња, другари на неговиот син.
По кратко време, пред капијата на училиштето дошол Ф.А. кој во десната рака држел нож и на висок тон почнал да ги навредува и да ги брка децата. М.Д. се обидел да го спречи Ф.А. во намерата, но Ф.А. го фатил за вратот и го турнал до оградата. Потоа, при меѓусебното влечење, Ф.А. го прободел М.Д. во левата подлактица.
М.Д. со екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.