![]()
![]()
Известување за санација на пожар на градската депонија
Ја известуваме јавноста дека денес екипите на КЈП “Водовод” Кочани во соработка со Општина Кочани активно продолжуваат со активности за целосно неутрализирање на пожарот на градската депонија. Во акцијата се вклучени дополнителни цистерни со вода како и тешка механизација во сопственост на КЈП “Водовод” Кочани, но и специјализирана механизација на приватни стопанственици.
Активно се работи на гасење на депонијата со вода, но и затрупување со земја.
![]()
![]()
И денес како и претходните денови евидентно е присуство на повеќе лица кои собираат отпад и таму живеат со своите малолетни деца кои претставуваат сериозна закана за безбедноста на ангажираните работници за гаснење на пожарот на градската депонија. За истото е известен и Центарот за социјални работи во Кочани како и ОВР Кочани. Очекуваме надлежните институции во рамките на своите надлежности да помогнат во расчистување на случајот за во иднина да не се случуваат вакви настани!’
-стои во соопштението на КЈП “Водовод” Кочани упатено денеска во јавноста.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево