БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ: Главното прашање на овие избори е европската иднина на државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Владеачката СДСМ во јавноста се обрати со свое соопштение за карактерот на изборите (според нив) кои што претстојат.

За СДСМ главно прашање кое што е важно на изборите е европската иднина на државата.

“Главното прашање на овие избори е европската иднина на државата и на граѓаните.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Прашањето е кој има визија за иднината, а кој продава магла и само крева раменици?

Кој ќе обезбеди напредок кон членството во ЕУ, а кој ќе го закочи тој процес и ќе не врати 10 чекори назад во минатото?

СДСМ има волја и знаење, конкретен план како да ја внесе државата во ЕУ до 2030 година.

СДСМ ја внесе државата во НАТО, со новата Влада предводена од СДСМ, државата ќе го исполни деценискиот сон за членство во ЕУ.

Граѓаните знаат дека со СДСМ нема откажување, нема враќање назад, знаат дека СДСМ е најдобрата опција за иднината на државата.

Затоа на изборите ќе го дадат својот глас за СДСМ, за новата проевропска влада и за претседателот Стево Пендаровски.”

-стои во соопштението за јавност на СДСМ.

Креирано од:


Пренеси го гласот