На вчерашниот митинг на професорката Гордана Силјановска Давкова пред граѓаните на Битола Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја разобличи црната кампања на СДСМ со која оваа партија сака да го спушти нивото на комуникација на претстојната кампања.
“Би сакал денеска на овој митинг, во овој за мене посебен град, кој многу го сакам, да истакнам една важна работа, која чувствувам дека токму тука треба да ја кажам. Сакам да испратам до целата јавност важна порака. Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство,”
– рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Битола.
Сакам да ги предупредам граѓаните, додаде Мицкоски, да не подлегнуваат на црните кампањи на власта кои ги надминуваат дури и најмрачните помисли за лудилото кое може да го достигнат.
„Јас таквата игра на нивната црна кампања на сценарија креирани од СДСМ и ДУИ ги викам натпревар за прво место на дното. Луѓето не им е тешко да оправдуваат напад врз полицаец, а замислете тоа да беше нивниот син, брат или дете како ќе реагираа. Не им е тешко дури и да фалсификуваат документи“, кажа Мицкоски.
Мицкоски и со порака: „Но, сакам да им порачам бевте, сте и ќе останете аматери. Ама крајот доаѓа“.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
МВР во мобилизација на сите потенцијали за успешно спроведување на безбеден сообраќај
IFC со поддршка за енергетски проекти во Македонија – средба на министерката Божиновска со меѓународната финансиска корпорација
За Костадин Костадинов битката за градоначалничката фотеља на Струмица е прашање за живот или смрт