Од добро упатени извори до нашата редакција пристигна загрижувачки алармантна информација која наголемо треба да ги загрижи жителите на Берово.
Неофицијално според извор кој сака да остане анонимен дознаваме дека на ден 08.04.2024 година од страна на ОВР Берово е поднесена Кривична пријава по член 215 став 1 и став 2 кој се однесува на неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, против лице од Берово.
Јавно прашуваме дали поднесената пријава се однесува за лицето Г.Г. кое што е управител на приватна фирма која што се занимава со угостителство во Берово, кое што лице истовремено е и советник од редовите на СДСМ во Советот на општина Берово?
Во име на јавната сигурност и подигање на свесноста за превенција и справување со недозволени противзаконски дејанија ја алармираме јавноста но и надлежните служби посериозно да се зафатат со превенција и санкционирање на вакви појави на истокот од државата, што сериозно ги загрижува граѓаните особено за иднината на младите генерации.
Интернет порталот skopjeinfo.mk пренесе информација:
…”дека во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, ОВР Берово, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат била извршена акциска контрола во простории на правно лице – угостителски објект од Берово каде во текот на работното време, при преглед кај Г.Г., управител и сопственик на објектот, пронајдена е и одземена марихуана.”
Порталот skopjeinfo.mk исто така пренесува дека “покрај тоа што му била пронајдена дрога кај истото лице констатирани се неправилности, односно работење на црно, не се издавале фискални сметки и не се пријавувал дневниот промет. Дополнително од страна на Државниот пазарен инспекторат е констатирано пушење цигари во правниот објект, поради што е изречена соодветна санкција.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани