Министерстовто за внатрешни работи ја информира јавноста за поднесена Кривична пријава за сопственик на угостителски објект од Берово
“На 03.03.2024 во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, ОВР Берово, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат беше извршена акциска контрола во простории на правно лице – угостителски објект од Берово, во тек на работно време, а при преглед кај Г.Г., управител и сопственик на објектот, пронајдена е и одземена марихуана.
Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, против него е поднесена кривична пријава по член 215 став 2 од Кривичниот законик. Покрај ова, од страна на Управата за јавни приходи констатирани се непријавување на дневен промет и неиздавање на фискални сметки, додека од страна на Државниот пазарен инспекторат е констатирано пушење цигари во правниот објект, поради што изречена е соодветна санкција.”
-стои во известувањето на МВР.
Анонимни извори претходно во информација упатена до нашиот портал укажаа дека станува збор за лице со иницијали Г.Г. кое што е Советник во Советот на општина Берово од редовите на СДСМ за кој што гласале граѓаните на Берово на изминатите локални избори.
Дали ваквата разврска на настаните ќе значи и повлекување од советничкиот мандат на ова лице и оградување на СДСМ од неговите постапки, останува јавноста во Берово да види во периодот кој следува. Да напоменеме дека СДСМ во изминатиот период декларативно ветуваше борба против вакви и слични појави, но активноста на Оливер Спасовски и неговите структури во МВР немаа некој поголем успех во справувањето на ова зло кое што е се повеќе присутно помеѓу младите во нашиот регион.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга