• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
    Сашко Ивановски: Планината Голак е заборавена од Градоначалникот Горан Трајковски, стагнира развојот а Делчево се претвори во емиграциски центар

    Сашко Ивановски: Планината Голак е заборавена од Градоначалникот Горан Трајковски, стагнира развојот а Делчево се претвори во емиграциски центар

    Додека се намалуваат приходите на општина Штип, се зголемуваат расходите за партиски привремени вработувања, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип

    Додека се намалуваат приходите на општина Штип, се зголемуваат расходите за партиски привремени вработувања, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип

    Директорот на клиниката во Штип не можел да предвиди дека ќе се појави нов пик на пандемијата. Пациентите лежат во некомплетна монтажна ковид болница

    Директорот на клиниката во Штип не можел да предвиди дека ќе се појави нов пик на пандемијата. Пациентите лежат во некомплетна монтажна ковид болница

    КАПИТАЛНИТЕ ЛАГИ на градоначалникот Ивица Димитров

    КАПИТАЛНИТЕ ЛАГИ на градоначалникот Ивица Димитров

  • Македонија
    Додека народ "квача јајца" под полициски час по дома, Заев се релаксира по хотели низ Македонија

    Додека народ "квача јајца" под полициски час по дома, Заев се релаксира по хотели низ Македонија

    ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на 25 април организиран за поддршка на уставобранителите

    ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на 25 април организиран за поддршка на уставобранителите

    Прва дигитална академија за политиката и дигитализацијата во услови на глобална пандемија

    Прва дигитална академија за политиката и дигитализацијата во услови на глобална пандемија

    Каде завршиле парите наплаќани за издадените пасоши од страна на МВР? Имало ли и други договори со мафијашките структури на организираната криминална група во и околу МВР?

    Каде завршиле парите наплаќани за издадените пасоши од страна на МВР? Имало ли и други договори со мафијашките структури на организираната криминална група во и околу МВР?

  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Глас од истокот

Каде ви е совеста? (Булинг)

март 17th, 2021 Глас од истокот коментари 178
Каде ви е совеста? (Булинг)

Вртоглавица. Напнатост. Необична илузија која ти го распара срцето. А ти седиш сама во училницата.. Мислам не си сама, околу тебе има уште дваесеттина твои соученици, но ти се чувствуваш осамено, бедно, се чувствуваш како да си валкана крпа фрлена во корпа за отпадоци. Се чувствуваш како фрлено залче од кифла во кое нема крем, е баш вака се опишуваш самата себе си.

Таа твоја точна теорија дека вредиш, дека го заслужуваш најубавото, таа твоја убава фантазија ја потиснува некој што не знае што е тоа да се сонува. Не, тој не знае ни колку животот е убав кога ќе направиш добро дело. Тој единствено нешто што знае е да повреди нечие детско невино срце. Секако, тоа го прави толку вешто, што твојата самодоверба паѓа на нула… Твоето лице е бледо, усните ти се суви и не знаеш како самата на себе да си помогнеш додека слушаш како твоете прекрасно име го изговара некој кој вметнува грдотија во разговорот кој е упатен кон тебе. Те гони и на сон. Те тера да плукаш крв од нервоза. Те тера да се запрашаш дали воопшто некому му значиш, дали вреди што постоиш, те тера да се сомневаш во твојата инспирација дека еден ден ќе успееш во нешто. Тој врз тебе плука отров како некоја змија-отровница, ти умираш, желбата ти умира, умира твојата волја за секаква идеја што си ја створила во умот. Те навредува и ти ја јадосува душата. Те крева од пепелта, а те турка во силен оган. Ти за него си дебела, никаква, сиромашна, кукавица, ти за него си се она што не би го изговорила ти.. Ти за него си најодвратното суштество што може да постои.. А , всушност тој е. Ти ја фрла тетратката. Ти го краде пенкалцето со розов пердув, ти ја уништува новата тетратка која мајка ти едвај ти ја купила. Тој не знае да го цени она што со мака си го добила.Ти ги гази чевлите и ти вели: “Моите се поскапи”, а не знае дека тие чевли татко ти со пот ги заработил.

До кога вака? Каде ви е совеста мили мои богати дечиња? До кога родителите ќе молчат и нема да вмешуваат прстиња во нивното однесување, а можам со сигурност да кажам дека тоа и не е некакво однесување. Од нас треба да произлегува барем тронка емпатија, а излегува само завист, злоба, плукање, исмејување, уценување и сл. И еден ден, сите ќе станеме родители. Еден ден оние кои биле богати можат преку ноќ да го изгубат материјалното богатство. Но верувајте.. Душевното богатство секогаш ќе плива низ вашето небесно срце. Семејството секогаш ќе биде покрај вас. Верниот другар секогаш ќе биде тука за да ви помогне.. А оние.. Оние кои ги ранувате секојдневно, еден ден ќе станат големи луѓе. Да тие ќе станат луѓе за почит, оти единствено тие знаат како е да критикуваш и малтретираш некого без основа.

И само уште нешто за крај. Облеката не не прави луѓе. Она внатре штоe. Она вистинското. Она колебање дали да ја гушнам или да ја оставам да плаче. Е ова не прави луѓе. Размислете за ова што ви го зборувам. Секој има право да живее, а нашиот живот е само наш, не смее никој да го завземе нашето место.. Не смее никој да не загрозува. Сите ние сме дел од овој свет, ретко кој успева да направи чоколадна торта од него…

Пишува: Софија Величковска

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Советник на ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот совет во Виница, следен од активисти на СДСМ Виница. Ќе бара јавно извинување или ќе поднесе тужба
Следна објава Против ваков авторитарен и суров режим, опција е ГАНДИЕВСКИ отпор
Може да Ве интересира:
Корупција, протекционизам и репресија: За ефектите на набљудувачките мисии на Европската комисија во Македонија
Глас од истокот

Корупција, протекционизам и репресија: За ефектите на набљудувачките мисии на Европската комисија во Македонија

април 7th, 2021 249
Бошко Цветковски: Вечната глупост на опинокот во обид да стане чевел
Глас од истокот

Бошко Цветковски: Вечната глупост на опинокот во обид да стане чевел

март 26th, 2021 379
Ние не сме држава. Ние во моментот сме вештачка творба која чека да биде распадната. ПУ! СТОПАНКАТА!
Глас од истокот

Ние не сме држава. Ние во моментот сме вештачка творба која чека да биде распадната. ПУ! СТОПАНКАТА!

март 25th, 2021 330
Дента кога Зоран ГЛАСАШЕ за Заев?!
Глас од истокот

Дента кога Зоран ГЛАСАШЕ за Заев?!

март 21st, 2021 206
Против ваков авторитарен и суров режим, опција е ГАНДИЕВСКИ отпор
Глас од истокот

Против ваков авторитарен и суров режим, опција е ГАНДИЕВСКИ отпор

март 17th, 2021 145
Каде ви е совеста? (Булинг)
Глас од истокот

Каде ви е совеста? (Булинг)

март 17th, 2021 178
Димитар Христов: ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА – МАНИПУЛАЦИЈА СО ИЗБИРАЧКОТО ТЕЛО ИЛИ РЕАЛНА ШАНСА ЗА МАЛИТЕ ПАРТИИ
Глас од истокот

Димитар Христов: ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА – МАНИПУЛАЦИЈА СО ИЗБИРАЧКОТО ТЕЛО ИЛИ РЕАЛНА ШАНСА ЗА МАЛИТЕ ПАРТИИ

март 15th, 2021 640
Хибридната манипулација и сигналот за помош...
Глас од истокот

Хибридната манипулација и сигналот за помош...

март 15th, 2021 206
Вака да реагираа кога се менуваше насила уставот во собрание.... Обезличените "тигарчиња" упатија писмо против државниот врв, кој ги титра како си сака
Глас од истокот

Вака да реагираа кога се менуваше насила уставот во собрание.... Обезличените "тигарчиња" упатија писмо против државниот врв, кој ги титра како си сака

март 14th, 2021 1011
Facebook Comments
Жена на денот
Интересни факти за  Џулија Робертс

Интересни факти за Џулија Робертс

681
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

818
Најнови објави
Апр 11th 5:20 AM
Македонија

Додека народ “квача јајца” под полициски час по дома, Заев се релаксира по хотели низ Македонија

Апр 10th 8:46 PM
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на 25 април организиран за поддршка на уставобранителите

Апр 10th 7:11 PM
Македонија

Прва дигитална академија за политиката и дигитализацијата во услови на глобална пандемија

Апр 10th 6:00 PM
Регион

Сашко Ивановски: Планината Голак е заборавена од Градоначалникот Горан Трајковски, стагнира развојот а Делчево се претвори во емиграциски центар

Апр 9th 10:31 AM
Македонска бесмртност

ВО МАКЕДОНИЈА Е ПОКРСТЕНА ПРВАТА ХРИСТИЈАНКА ВО ЕВРОПА – ЛИДИЈА МАКЕДОНКАТА!

Апр 9th 10:14 AM
Регион

Додека се намалуваат приходите на општина Штип, се зголемуваат расходите за партиски привремени вработувања, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип

Апр 8th 4:52 PM
Регион

Директорот на клиниката во Штип не можел да предвиди дека ќе се појави нов пик на пандемијата. Пациентите лежат во некомплетна монтажна ковид болница

Апр 7th 10:59 PM
Македонија

Каде завршиле парите наплаќани за издадените пасоши од страна на МВР? Имало ли и други договори со мафијашките структури на организираната криминална група во и околу МВР?

Апр 7th 6:32 PM
Матна Брегалница

Бугарското ВМРО полно со модерни револуционери- криза за политичари или нов тренд во политиката?

Апр 7th 5:12 PM
Матна Брегалница

Според престижниот Блумберг, со ова темпо на вакцинација Македонија ќе постигне имунизација од 75% на населението за 10тина години

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Блокиран фејсбук профилот на Божидар Божиновски (Моџо Килингтон). Цензурата е последен бастион на секоја власт а вистинската револуција допрва почнува
Матна Брегалница

Блокиран фејсбук профилот на Божидар Божиновски (Моџо Килингтон). Цензурата е последен бастион на секоја власт а вистинската револуција допрва почнува

Апр 7th, 2021 1325
Д-р Јадранка Бибан: Дедовците ни оставиле прекрасна земја, за некој да ја продава за да врати коцкарски долгови
Македонија

Д-р Јадранка Бибан: Дедовците ни оставиле прекрасна земја, за некој да ја продава за да врати коцкарски долгови

Апр 5th, 2021398
СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ И ВО ТАТКОВИНАТА
Македонија

СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ И ВО ТАТКОВИНАТА

Апр 5th, 2021369
Каде завршиле парите наплаќани за издадените пасоши од страна на МВР? Имало ли и други договори со мафијашките структури на организираната криминална група во и околу МВР?
Македонија

Каде завршиле парите наплаќани за издадените пасоши од страна на МВР? Имало ли и други договори со мафијашките структури на организираната криминална група во и околу МВР?

Апр 7th, 2021363
Додека народ "квача јајца" под полициски час по дома, Заев се релаксира по хотели низ Македонија
Македонија

Додека народ "квача јајца" под полициски час по дома, Заев се релаксира по хотели низ Македонија

Апр 11th, 2021340
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
8-30-729x1024
28-09-2018-1538199741
30-05-2018-1527684122
laura-wells 34
floor jansen 44
razlovci arhitektura 21
15-50
28-09-2018-1538200239
burning man fest 087
burning man fest 034
Кафе уметност 03
graduates2018-7
12-49
28-09-2018-1538200300
laura-wells 35
Наш Instagram дом
Прогноза за цената на лубен Прогноза за цената на лубениците за претстојната сезона?!?
Во едната рака земи грст сол и стави ја во чаша полна со вода. Водата ако ја испиеш ќе биде горчливо-солена.
Во другата рака земи исто толку сол и расфрлај ја во водата на блиското езеро... ако ја вкусиш водата на езерото солта нема воопшто да ја забележиш.
Болката и среќата се секогаш присутни во нашите животи.
Од тебе зависи дали ќе бидеш чаша или езеро.
Гордост е да си Македонец... Гордост е да си Македонец... и обврска и привилегија... и проклетство и радост...
Документарен филм за Божествената природа на Тоше Проески.
Тотална саботажа Тотална саботажа
Денеска целото членство гласа.
ДА🤔
НЕ☠
Светски класик кој ден дене Светски класик кој ден денес делува футуристички
Повеќе... Наш Instagram дом

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.