БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Како антидепресантите може да го уништат твојот живот

Пренеси го гласот

Кога имав 14 години, многу често гладував. И сега не кревајте галама, ова за мене беше огромно искуство: бев на праг пред смрт! Уште само 5 килограми да потрошам. Потоа дојдоа уште 5 па уште 5 итн. Се дистанцирав себеси од моите злобни пријатели и од моето сурово семејство. Тие ми велеа дека сум болна и луда и дека морам да побарам помош, па така престанав да зборувам со нив. Гледајки од посветлата страна имав повеќе време за себеси, да размислувам за храната која не треба да ја јадам затоа што сакав да бидам послаба. Ги обожував оние доцни летни ноќи кога носев на себе зимска облека затоа што немав на себе маснотии и се тресев цело време. Одлични времиња!

Неколку месеци подоцна, моите злобни родители ме однесоа кај лекар кој имаше своја лична одмазда кон мене, кој ме стави да живеам на антидепресанти. Почнав повторно да си ја повратувам телесната тежина. Исто така се здобив со неколку нови пријатели. Се зближив како никогаш претходно со моето семејство. Се свретев кон вегетарјанство. Станав искусен фотограф.Ја пронајдов својата страст во животот. Се зачленив на престижен летен програм за учење. Заминав на хуманитарно патување. Дипломирав средно училиште и тргнав на факултет. Пронајдов среќа во животот.

Ве проколнувам вас, зли мали среќни пилули!

(Доколку не успеавте да забележите, бев саркастична во овој текст погоре. Ако веруваш дека антидепресантите го уништуваат вашиот живот, ве молам посетете психијатар. Ова е сериозно.)

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот