БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

КАМЕНИЧАНЕЦ ГЛАВНА УЛОГА ВО СПОТ НА ВЛАДО ЈАНЕВСКИ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Каменичанецот Никола Велиновски инаку еден дел од дуото Replay е новиот лик кој се појави во најновиот видео запис на македонската поп звезда Владо Јаневски насловен „Последна заблуда“. Македонскиот поп шармер е познат по ангажирањето на познати „фаци“ од шоу бизнисот кои наместо него се појавувале во минатото во неговите спотови пеејки ги текстовите на песните кои веќе години наназад се меѓу најслушаните меѓу домашната публика.Никола Велиновски, со уметничка додавка „Црни“, судејќи по самиот спот одлично ја одигра својата улога на изведувач на последната балада од Јаневски, нешто што воопшто не му било тешко ако се има предвид дека и самиот е вокал во дуото Replay. Инаку, Велиновски во комбинација со своја колешка од македонската естрада се подготвува за настап на овогодишното издание на еден од најреномираните македонски музички фестивали „Макфест“, фестивал кој годинава ќе се одржи од 5-7 Октомври во Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace